Голи Оток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Местоположба на островот.
Затворот на островот.

Голи Оток или во превод Гол Остров е хрватски остров во Јадранско Море. Островот има површина од околу 4.7 km² и е лоциран источно од полуостровот Истра во Велебитскиот канал, помеѓу островите Раб, Свети Гргур и Првиќ. Островот не е погоден за живот и е ненаселен.

Затвор[уреди]

Голи Оток е познат по затворот за политички затвореници и логорот за принудна работа што југословенските комунисти го изградиле во јули 1949 година по судирот на КПЈ со Информбирото. Таму во прв ред биле затворани лица кои во судирот помеѓу Тито и Сталин застанале зад Сталин, но покрај нив на Голи Оток биле затворани и криминалци и луѓе со демократски погледи од различни националности. Заедничкото за нив било тоа што тогашните властодршци ги сметале за опасни за својот режим. Последниот политички затвореник од Голи оток е отпуштен во 1956 година, а како затвор престанал да функционира во 1988 година.

Според „Пописот на казненици на општествено корисна работа и осуденици по ИБ-то“, изработен од страна на Сојузниот секретаријат за внатрешни работи, на Голи Оток биле затворени 16.101 лица, од кои 15.173 мажи и 928 жени. Од нив, според овој попис, 801 лице или 5% од сите затвореници биле Македонци.[1]

Сепак, овој попис не се смета за целосен. Според друг извор, на Голи Оток и во другите логори низ Југославија за време на Информбирото биле затворени над 1.000 граѓани од Македонија.[2] Помеѓу попознатите Македонци што биле затворени на Голи оток се: Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Никола Кљусев,Владимир Полежиноски, Ангеле Петковски, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Борис Гонев, Никола Транталовски и други.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]