Македонски Бугари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бугари во Македонија
Българи в Македония
Вкупен број на населението

3.504[1]

Региони со значително население
Јазици
македонски и бугарски јазик
Религии
Православно христијанство
Поврзани етнички групи
Бугари, Македонци

Македонски Бугари (бугарски: македонски българи) — етничка заедница која живее во Македонија. Во државата има многу мал број граѓани кои се декларираат како Бугари и истите често се нарекуваат бугарофили, кои заедно како една целина не се признато етничко малцинство. Најголем број Бугари се сконцентрирани во регионот на Струмица,[2] можеби поради тоа што градот територијално се наоѓа во близина на Бугарија и бил двапати дел од бугарската држава (1912 — 1919 и 1941 — 1944).[3] Во периодот помеѓу 1945 — 1991 година додека Македонија била дел од Југославија имало миграција на бугарското население од Босилеградско во Република Македонија, а најголемиот дел од него се населил во Скопје.[4] На последниот попис во Македонија во 2021 година како Бугари се изјасниле 3.504 граѓани, кои претставуваат околу 0,2 % од целото население.

Организација[уреди | уреди извор]

Во текот на неуспешниот „Попис 2011“ во Македонија Бугарскиот културен клуб започнал кампања која гласела: Сите биле Бугари. А ти?[5][6] која во текот на своето видео ги прикажува славните историски личности Св. Климент Охридски, Цар Самоил, Гоце Делчев како Бугари. Во Македонија има бугарско здружение Радко и Здружение на граѓани „Цар Борис III“[7] во Охрид и Бугарски културен клуб[8] во Скопје. Според официјалните подотоци на КБГБЧ од 2002 до крајот на 2020 година речиси 90.000 македонски граѓани земале бугарски пасоши со кои може да патува и работи во земјите од ЕУ без визи.[9] Уште околу 60.000 лица поднеле молби за бугарско државјанство за кое мора да потпишат документ дека имаат бугарско потекло. Прашање е колку од тие што добиле пасош или поднеле молби се чувствуваат Бугари, а колку на таков чекор се решиле од економски причини. На парламентарните избори во Бугарија 2021, бројот на пријавени гласачи во бугарската амбасада во Скопје изнесувал само 328 лица, а со тоа е јасен фактот дека тие пасоши се вадени поради економска причина.[10][11][12][13]

Познати личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Попис на населението во Република Македонија од 2021.
  2. Yugoslavism: histories of a failed idea, 1918-1992, Dejan Djokić, C. Hurst & Co. Publishers, 2003, ISBN 1850656630, p. 122.
  3. „Бугарија“. Архивирано од изворникот на 2007-07-04. Посетено на 2011-12-15.
  4. Богослав Јанев, Босилегратчани во Македонија, Скопје: Здружение на граѓани. "Босилеградско", 2006, Куманово: Графотекс. ISBN 9989-57-472-3.
  5. Видео на бугарската антимакедонска кампања
  6. „24 вести за бугарскиот антимакедонизам“. Архивирано од изворникот на 2011-10-20. Посетено на 2011-12-15.
  7. „Официјално мрежно место на „Радко". Архивирано од изворникот на 2009-09-05. Посетено на 2011-12-15.
  8. Официјално мрежно место на Бугарскиот културен клуб
  9. Mediapool.bg. 22 юни 2016, Над 62 000 "нови" българи за последните пет години.
  10. „Само 328 лица од С Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија“. МИА.
  11. „Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија“. kanal5.com.mk.
  12. „Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија » opserver.mk“. opserver.mk (англиски). 2021-03-10.
  13. „Петковски: Од Македонија се пријавиле само 328 лица за гласање на изборите во Бугарија“. Фокус (англиски). 2021-03-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]