Шопи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шоп од Тран, Бугарија, 1921 година

Шопи или Шопови е регионален поим [1] кој се употребува за населението кое живее на централниот дел на Балканот, а кој според нив се вика Шоплук.

Шоплук[уреди | уреди извор]

Шоплук според српскиот географ Јован Цвииќ

Според српскиот географ Јован Цвииќ, Шоплук ја опфаќа цела западна Бугарија (вклучувајќи го видинскиот, софискиот и пиринскиот регион), потоа источниот и североисточниот дел на Македонија, дел од југоисточна Србија и многу мал дел од денешна Грција.

Населението во Шоплукот[уреди | уреди извор]

Овој планински предел денес е населен со луѓе со различна самосвест, главно со етнички Бугари, и помалку Македонци или Срби. Населението на Шоплукот Цвијиќ го поделил на три целини, првата со етничките Срби, втората со мешовита популација и третата целина - поблиска до Бугарите.[2]Во српскиот Шоплук, како и во дел од бугарскиот и македонскиот, населението зборува на торлачки говор кој е дел од македонскиот, српскиот и бугарскиот јазик.

Контроверзи[уреди | уреди извор]

Републичкиот завод за статистика на Србија на пописот во 2011 година ги прикажа Шопите како посебна статистичка категорија во рубриката „национална припадност“[3] и врз таа основа се изјасниле 142 жители[4].

Шопска салата[уреди | уреди извор]

Прочуената шопска салата потекнува од босилеградскиот регион.[1]

Види уште[уреди | уреди извор]

Референци[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]