Прејди на содржината

Стиник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стиник

Воздушен поглед на селото

Стиник во рамките на Македонија
Стиник
Местоположба на Стиник во Македонија
Стиник на карта

Карта

Координати 41°28′0″N 22°55′0″E / 41.46667°N 22.91667°E / 41.46667; 22.91667
Регион Југоисточен
Општина Ново Село
ОбластСтрумичко Поле
Население21 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2434
Повик. бр.034
Шифра на КО27065
Надм. вис.840 м
Стиник на општинската карта

Атарот на Стиник во рамките на општината
Стиник на Ризницата

Стиник — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.

Потекло и значење на селото

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Селото го добило името од зборот „стена“ (ѕид, камена ограда) или „стина“ (разурната ѕидина, распаднат куп камења).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во северниот дел на територијата на Општина Ново Село, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Берово и со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 840 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 34 километри.[2]

До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува од селото Самоилово следејќи го текот на реката Василица.

Селото импонира со својата стара селска архитектура, карактеристична за македонските села. Куќите се направени со чардаци, каде што може да се забележат столови-троножци, синии, бутими и разбои.

Историја

[уреди | уреди извор]

Стиник е прилично старо село. Првин се наоѓало 2 километри северно од денешното село Самоилово. Таа област и денес се вика Старо Стиник. Но, поради недостаток на вода, населението било принудено да се пресели на денешното место.

Пред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката Околија.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мошне голем и зафаќа простор од 34 километри квадратни. На него шумите заземаат површина од 2.668 хектари, на пасиштата отпаѓаат 539 хектари, а на обработливите површини 226 хектари.[2]

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Стиник е посочено како село кое имало 83 домаќинства со 310 жители христијани.[3]

Во статистиката на Стефан Верковиќ се вели дека селото имало 525 жители.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стиник живееле 700 жители.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Стиник имало 896 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Стиник е населено со македонско население, коешто во 1961 година броело 399 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 113 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Стиник броело 58 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 21 жител, од кои 15 Македонци и 6 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 700 896 374 450 399 341 227 129 113 58 21
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Селото се соочува со наполно раселување и масовно иселување по Втората светска војна.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Стиник било село во Петричката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Стиник, се наоѓале и селата Бадолен, Бајково, Барбарево, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Стиник во која влегувале селата Барбарево и Стиник.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1780 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на главната селска црква
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Реки
  • Василица — мала река, лева притока на Струмица.

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Стиник

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 286. Посетено на 8 февруари 2026.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 187
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 106-107.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јануари 2026.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 8 февруари 2026.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 410. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]