Вак’в

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вак'в
Вак'в во рамките на Македонија
Вак'в
Местоположба на Вак'в во Македонија
Вак'в на интерактивна карта

Карта

Координати 42°1′22″N 21°44′49″E / 42.02278° СГШ; 21.74694° ИГД / 42.02278; 21.74694Координати: 42°1′22″N 21°44′49″E / 42.02278° СГШ; 21.74694° ИГД / 42.02278; 21.74694
Општина Куманово
Население 61 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1300
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17014
Надм. вис. 280 м
Слава Света Троица
Вак'в на општинската карта
Вак’в во Општина Куманово.svg

Атарот на Вак'в во рамките на општината
Commons-logo.svg Вак'в на Ризницата

Вак'в (понекогаш се среќава и како Вакав) — село во Македонија, на територијата на Општина Куманово, неколку километри јужно од градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Вак'в се наоѓа, речиси на најјужниот дел на општина Куманово, 18 километри јужно од градот Куманово, недалеку од брегот на реката Пчиња. Се наоѓа недалеку од еден локален пат за Куманово. Се работи за рамничарско село (се наоѓа во алувијална рамнина) кое се наоѓа на надморска височина од 280 метри. Атарот на селото е мал - само 3,2 квадратни километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште зафаќа 156,5 хектари, пасиштата зафаќаат 148,4 хектари, додека само 1,1 хектари се шуми.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948219—    
1953239+9.1%
1961259+8.4%
1971234−9.7%
1981164−29.9%
ГодинаНас.±%
1991131−20.1%
1994122−6.9%
2002108−11.5%
202161−43.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вак'в живееле 60 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вак'в имало 56 Македонци, патријаршисти.[3]

Вак'в е мало село и во 1961 година бројот на жители изнесувал 259. Во 1994 година бројот се намалил на 122 жители - 121 Македонец и 1 Србин. Половата дистрибуција била 60 мажи и 62 жени. Во селото имало 40 домаќинства, 42 станови и 38 земјоделски стопанства.

Во 2002 година во селото живееле 108 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 57 Македонци и 4 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 56 219 239 259 234 164 131 122 108 61
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Вак'в е македонско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Краваровци (10 к.) доселени се од селото Винце. Таму имале роднини наречени Богданчевци. Уште подалечно потекло имале од Прилепско. Го знаат следното родословие: Трајан (жив на 75 г. во 1953 година) Арсо-Стојан, кој се доселил во селото; Корењаци или Божиновци (5 к.) доселени се однекаде после претходниот род. Го знаат следното родословие: Спиро (жив на 55 г. во 1953 година) Димитрија-Божин-Јанко, кој се доселил во селото со синот Божин; Тингинци (1 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Винце; Богдановци (2 к.) доселени се од селото Довезенце; Зарковци или Китановци (1 к.) доселени се од селото Живиње; Јовановци (3 к.) најпрво од Бучинци се иселиле во Винце. Па од таму во 1910 година дошле во денешното село; Ристевци (1 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Пчиња. Таму се викале Режановци, подалечното потекло им е непознато; Шоповци (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Аљинце.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[11]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 9 стр.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 215.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 128-129.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 206. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]