Режановце
Режановце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Жеглигово, оддалечено на 5 километри северозападно од градот Куманово. Во крајниот источен дел на атарот е сместен спортско-воениот аеродром „Аџи Тепе“.
Историја[уреди | уреди извор]
Режановце е населено уште од железното време за што сведочат две археолошки наоѓалишта.
Селото се споменува во опширен пописен дефтер од 1570 година, како мулк на принцезата Елалди-Хатун, ќерката на султанот Мехмед I. Селото било дел од Ќустендилскиот санџак, Кратовската каза и нахија Нагоричане, каде биле забележани 12 муслимански семејства, 40 христијански семејства, 24 неженети и 4 вдовици христијани. Вкупниот данок на селото изнесувал 9688 акчиња.[2]
На сред село, источно од местото Крст, се наоѓа старата зграда, која ја викаат чифлик. Таа е голема зграда. Првобитно била долга 35, а широка 15 метри. Долниот, подрумскиот дел е ѕидан со камен, ќерпич и кал. На истиот се ставени дебели греди и душеме. Горниот дел е ѕидан до половина со ќерпич и кал, а втората половина е соѕидана со печени цигли-тули и кал. Потоа, има таван, а на него поткровје. Од источната и западната страна, од спратот до билото, ѕидот е ѕидан со печени цигли и кал. Чифликот е на две води. Ќерамичките се донесени од Солун. И на истите пишува ТСОЛИНКИ. Чифликот има 8 соби. Тој бил сопственост на Сала-ага. Изграден е околу 1880 година. Подрумскиот дел служел за сместуваље на добитокот, а горниот дел-спратот за живеење. Во 1939 година Сали-ага му го продал чифликот на Борис Јовановски за 15.000 динари. Едната половина од чифликот опстојувала до денешно време, но била срушена со граната во Воениот конфлит од 2001 година. А како последен господар на чифликот се сметал Ќемал-паша што извесно време бил валија во Босна.
Воденичарска Маала[уреди | уреди извор]
Режановце во 1920 година имало околу 20 куќи. Куќите биле групирани во Горна и Долна маала. Турските богови ја имале најубавата земја во селото. Уште имало чифчии, кои ја обработувале земјата и плодовите ги давале на боговите. Турците продавале на православните земја, но за големи пари. Ама тие тешки пари малку ги имало. А чифчиите одвај преживувале со своите семејства. А покрај селото имало многу убави ниви-површини. Владимир,Милан и Бошко Спасиќ, познати како Поптасини, живееле во Горни Стаевац. Тешкиот живот ги натерал Милан и Бошко да заминат на печалба во Америка. Во Америка биле во 1909 до 1921 година. Милан и Бошко работеле во Америка 12 години и кога се вратиле сакале да се иселат од Горни Стаевац, па така трагајќи по Куманово го нашле Режановце и нашле место и им се бендисало и го купиле местото од Асана-бег за 10 оки злато. Тие на оваа површина имале и воденица. А во 1945 година семејството Воденичарци имало околу 24 члена.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 705 жители, од кои: 661 Македонец, 1 Албанец, 1 Турчин и 42 Срби.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 442 Македонци, 16 Албанци, 18 Срби, 4 останати и 97 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 200 | 355 | 391 | 423 | 600 | 608 | 608 | 679 | 705 | 577 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Режановце е македонско село, а порано во него имало и Роми и Албанци.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Македонски родови
- Вератци (6 к.), Лејци (6 к.), Стрезовци (6 к.), Исовчани (5 к.), Вртешкови (3 к.), Муљаци (3 к.), Лукарци (3 к.), Врбаци или Шкрци (3 к.), Куркови (1 к.) и Ѓулеви (1 к.) ова се најстарите родови во селото. Возможно е да се староседелци; Црно Спасини (3 к.) доселени се од селото Лопате; Моравци (2 к.) доселени се од селото Жуинце кај Прешево; Кокошињаци (7 к.) доселени се од селото Табановце; Говедарци (9 к.) доселени се во 1918 година од Коњари; Шопови (3 к.) доселени се после Првата светска војна од селото Стајевци во Горна Пчиња.
Православни Роми
- Моравци (7 к.) доселени се од селото Доброшане кај Гнилане во Косово; Слупчанци (3 к.) доселени се од селото Слупчане; Коњушки (1 к.) доселени се од селото Коњух.
Албански родови
- Зарбичани (1 к.) доселени биле од селото Зарбинци во Новобрдска Крива Река; Белановци (3 к.) доселени биле од селото Белановце.[9]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- ПОУ „Толи Зордумис“ — подрачно основно училиште на централното ОУ „Толи Зордумис“ во Куманово
- Црква „Св. Јован Опсечен“
- Етнолошки музеј
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[10]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од 1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.80-81
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 222. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|