К’шање
К’шање — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото К’шање се наоѓа во северниот дел на Република Македонија, на околу 5 километри од регионалниот пат Куманово - Свети Николе, односно од превојот Караула (518 метри н. в.). Од градот Куманово, селото е оддалечено 28 километри, југоисточно и се наоѓа на јужната граница на Средоречката област. Селото е сместено на местото каде се спојуваат Градиштанска Планина (југозападно) и планината Манговицеа (југоисточно), приближно на 570 метри надморска висина. Од К’шање северозападно, за околу 4 км се наоѓа селото Пезово, источно за околу 6 км се наоѓа селото Татомир, југоисточно за околу 4 км се наоѓа селото Кокошиње и западно за околу 7 км се наоѓа селото Градиште. Селото го надвисуваат 4 висои, и тоа: северно за околу 2 км висот Сувар (н.в. 714 метра), југоисточно за околу 3 км висот Бабин Град (н.в. 765 метри), јужно за околу 2 км висот Перица и северозападно за околу 3 км висот Вукосија (н.в. 636 метри. Западно од селото се наоѓа полето Кампур. Оваа нископланинска област претставува вододелница помеѓу Кумановската Котлина, на југ и на Овче Поле, на северозапад. Вододелницата помеѓу сливовите на Пчиња и Брегалница се наоѓа на околу 1 километар јужно од К’шање, во правецот Перица - Бабин Град. Кшањски Дол е повремен водотек кој тече на запад и заедно со другите водотеци на северните области на Градиштанска Планина, претставува лева притока на реката Пчиња. Месната клима е умереноконтинентална.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во К’шање живееле 420 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во К’шање имало 488 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 48 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 11 Македонци и 4 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 488 | 540 | 523 | 451 | 369 | 167 | 91 | 83 | 48 | 15 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Кшање е македонско село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Доселеници: Ѓорговци (6 к.), Ивановци (6 к.), Филиповци (5 к.) и Стеевци (4 к.) најстари родови во селото. Основачи на денешното село. Порано живееле во месноста Селиште. Поддалечно потекло им е непознато. Во родот Ѓорговци се знае следното родословие: Цане (жив на 80 г. во 1972 година) Саздо-Јане-Цветко-Ѓорго; Анчевци (4 к.), Ристинци (4 к.), Одујевци (4 к.), Вучковци (3 к.), Мишевци (3 к.), Лазаровци (3 к.), Гаѓевци (2 к.), Миленковци (2 к.), Чаушевци (2 к.), Шординци (2 к.), Петревци (1 к.) и Цекевци (1 к.) овие родови се деленички од најстарите родови, како и млади доселеници со непознато потекло; Чавдарци (5 к.) доселени се во XIX век од селото Татомир во Кратовско; Басмарци (2 к.) доселени се после претходниот род од селото Габар во Кривопаланечко; Ѓуревци (2 к.) доселени се од некое село во Кривопаланечко.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Затворот „Куманово“, се наоѓа во село К’шање. Во 2007 година во К’шање тогашниот министер за правда Михајло Маневски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги фрлија првите лопати на новата затворска зграда оддалечена 25 километри од Куманово. Затворот има три ката. Нови се последните два ката и страничниот дел на зградата, а првиот кат е адаптиран од училишната зграда. На првиот кат ќе биде сместено притворското одделение. Затворот ќе прими 250 затвореници, од кои 50 ќе бидат притвореници. Предвидено е во една ќелија да има по двајца или по девет квадрати за еден затвореник. На секој кат има по една голема соба во која ќе бидат сместени шест-седум затвореници и посебен дел, во кој има по три самици.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од 1884 г.
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Илинден — некропола од доцноантичко време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постаро иселени Македонци има во Скачковце (Џумбушови) и Клечевце (Бајеви). После Втората светска војна преку 50 македонски семејства се иселиле Куманово, Скопје, Велес и Свети Николе.[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 216.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 211. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|