Нов Чифлик (Кумановско)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Нов Чифлик | |
Нов Чифлик на интерактивна карта | |
Координати 42°0′0″N 21°43′14.16″E / 42.00000° СГШ; 21.7206000° ИГДКоординати: 42°0′0″N 21°43′14.16″E / 42.00000° СГШ; 21.7206000° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Област | Блатија |
Население | 0 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | |
Нов Чифлик — историско село во Кумановско, на територијата на денешна Општина Куманово.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото било сместено во котлината Блатија на десниот брег на реката Пчиња, недалеку од Костурник и неколку километри северно од Горно Коњаре, чиј атар денес го опфаќа неговото подрачје.
Историја[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век Нов Чифлик е познат како македонско село. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Нов Чифлик (Nov-Tchiflik) е село во Кумановската каза со вкупно 90 жители, од кои 48 Македонци[1] под врховенството на Бугарската егзархија, 30 Власи и 12 Роми.[2]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означува Ново Село (Novoselo) како село со нејасен етнички состав.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927