Винце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Винце
Vince 01.JPG

Панорама на Винце

Винце is located in Македонија
Винце
Местоположба на Винце во Македонија
Винце на интерактивна карта

Координати 41°59′39″N 21°45′33″E / 41.99417° СГШ; 21.75917° ИГД / 41.99417; 21.75917Координати: 41°59′39″N 21°45′33″E / 41.99417° СГШ; 21.75917° ИГД / 41.99417; 21.75917
Регион Куманово
Општина Општина Куманово
Население 90 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 17016
Надм. вис. 494 м
Винце на општинската карта
Винце во Општина Куманово.svg

Атарот на Винце во рамките на општината
Commons-logo.svg Винце на Ризницата


Винце — село во Општина Куманово, на 3 км од левиот брег на реката Пчиња на западното подножје на Градиштанската Планина.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Винце се наоѓа на 13 километри од Куманово и на 30 километри од Скопје на надморска висина од 494 метри. Селото има поволна местоположба бидејќи на 2,5 километри од селото поминува реката Пчиња и во близина на селото се наоѓа ловиштето Градманци кое е богато со дивеч исто така селото е поврзано со асфалтен пат со Скопје и со земјен пат со Куманово.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Винце е населено уште од доцната антика, за што сведочат наоѓалиштата во неговиот атар.[1]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во минатото жителите на селото се занимавале главно со земјоделство садење на различни житни култури, зеленчук но и со садење на тутун и памук интересно е тоа што селото Винце е последното село во Македонија каде што е регистриран засаден памук и тоа во далечната 1974[2] исто така значајно е да се напомене и да се забележи дека сите семејства од селото имаат лозја пред влезот на селото.

Население[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век поточно во 1900 г. во селото се регистрирани 588 жители, во 1905 г. во селото има 688 жители но најмногу население во селото е регистрирано во 1952 г. со дури 1.500 жители. Според пописот од 1994 г. во Винце има 112 Македонци и 1 Србин. Во 2002 г. селото имало 90 жители, сите Македонци.[3]

Родови[уреди | уреди извор]

Винце е македонско село.

Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Баба Цветинци (5 к.), Баба Јаглинци (4 к.), Вучевци (16 к.), Јанковци (5 к.), Ѓорчевци (9 к.), Гачевци (1 к.), Ушлевци (1 к.), Златевци (9 к.), Оџевци (9 к.), Пепеларци (2 к.), Чурлинци (4 к.), Чолевци (3 к.) и Прстенковци (6 к.)
  • Доселеници: Пиперковци (11 к.) доселени се од селотоПиперово. Го знаат следното родословие: Цветко (жив на 80 г. во 1952 година) Петруш-Димчо-Атанаско-Трајан-Јован, кој се доселил во селото; Домазетовци (16 к.) потекнуваат од предокот Петко, он се доселил како домазет од селото Довезенце; Милевци (4 к.) доселени се од Лопате или Опае; Лојанци (17 к.) доселени се од селото Лојане. Го знаат следното родословие: Новко (жив на 80 г. во 1952 година) Божин-Паун, понатамошните предци не ги знаат; Граѓановци (7 к.) доселени се од Куманово, по тоа го добиле името; Рибарци (5 к.) доселени се од селото Горно Коњари. И таму биле доселени однекаде; Пашинци (6 к.) доселени се од селото Стањевци, Овче Поле. Основачот на родот дошол како домазет во родот Пашинци (биле староседелци); Рашинци (3 к.) доселени се од селото Орашац; Коцевци (2 к.) и Стојчевци (6 к.) доселени се однекаде. Основачот на првиот род (Трајан) дошол како слуга.[4]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петка“ во Винце

Во селото постојат 5 манастири и 1 црква — „Св. Никола“. Црквата над селото веднаш до старата византиска чешма е посветена на овој светец.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото како најголема знаменитост се смета старата црква Свети Никола која е една од најстарите во Кумановскиот регион исто така во и околу селото има 5 манастирчиња кои се стари, важно и интересно е да се каже дека околу пределот на селото на разни места постојат камени крстови кои според кажувањата на мештаните ја обележуваат територијата на селото. Друга знаменитост по кое е познато селото е по Византиската чешма која потекнува уште од Византиско време и се наоѓа веднаш до црквата Свети Никола освен за снабдување со свежа пивка вода чешмата во минатото се користела за напојување на добитокот (во десните четири мрамори) и перење на алишта и јамболии (левите четири мрамори)

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[1]
  • Дренче — населба од доцноантичкото време;
  • Јазбина — населба од доцноантичкото време;
  • Кале — средновековна тврдина;
  • Леска — средновековна населба; и
  • Црквиште — викус од доцноантичко време и средновековна црква.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Божиќно пилкање

Како и во сите краишта на Македонија, вечерта спроти Божиќ целото семејство се собира на таканаречената бадна вечера. Во Винце, во рамките на обредите кои се вршат околу бадната вечера (богомолства, горење на бадниково дрво и благослови за бериќет), постои обичај при кој им се делат ореви на сите и се запејува песната "Тропав ми, тропав ораси, мамо"[мртва врска]. Пред делењето на оревите и седнувањето на софрата, мажите, на јарем кој е поставен на прозорецот, палат свеќа и му се молат на Бога. Потоа, најстарата жена наречена куќница почнува да имитира квачка за која се фаќаат и останатите деца како пилиња и се вртат трипати околу куќниот дирек или столб. Обредот продолжува со палењето на бадниковото дрво во куќното огниште, кое гори додека се вечера и така горејќи треба да го дочека утрото, односно Божиќ.

Личности[уреди | уреди извор]

Спорт и разонода[уреди | уреди извор]

Старата византиска чешма

Поради постоење на дивеч, селото е дел од Ловиштето бр. 9, односно Градманци, во состав на Скопско-кумановското ловностопанско подрачје, реон Скопје, со правец на протегање север - југ, источно од реката Пчиња. Северно се протега од Винце, а на југ оди до село Ветерско. Градманци зафаќа вкупна површина од 10.760 хектари, со намена за одгледување, заштита и ловење на ситен дивеч, како носечки ловностопански вид.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Верски објекти
Археолошки наоѓалишта[1]
  • Дренче — населба од доцноантичко време;
  • Јазбина — населба од доцноантичко време;
  • Кале - Врбица — тврдина од средниот век;
  • Леска — населба од средниот век; и
  • Црквиште — викус од доцноантичко време и црква од средниот век.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 206. ISBN 9989-649-28-6.
  2. [1][мртва врска]
  3. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2009-07-26.
  4. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
  5. Четврти период (1766—1920)
  6. Рајна Спасовска. Архивирано од изворникот на 2005-03-01. Посетено на 2009-07-26.
  7. Ловно друштво „ПОТПОЛОШКА“, Петровец[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]