Бедиње

Координати: 42°8′30″N 21°41′47″E / 42.14167° СГШ; 21.69639° ИГД / 42.14167; 21.69639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бедиње

Главната улица „11 Ноември“/Р2133

Бедиње во рамките на Македонија
Бедиње
Местоположба на Бедиње во Македонија
Бедиње на карта

Карта

Координати 42°8′30″N 21°41′47″E / 42.14167° СГШ; 21.69639° ИГД / 42.14167; 21.69639
Општина Куманово
Население 898 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1300
Шифра на КО
Надм. вис. 345 м
Бедиње на општинската карта

Атарот на Бедиње во рамките на општината
Бедиње на Ризницата

Бедиње — урбанизирано село/населба во Општина Куманово. Се наоѓа во северозападниот дел на Куманово.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во котлинската област Жеглигово, недалеку, југозападно од градот Куманово, на оддалеченост од два километри, па затоа припаѓа на урбаната зона на централното место, односно, веќе е во конурбација со градската територија. Населбата е рамнинска, на надморска височина од 350 метри, а претставува и рурален центар.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 5,3 км2. На него доминира обработливото земјиште на површина од 426,7 ха, на пасиштата отпаѓаат 12 ха, а на шумите 13,6 ха. Во однос на земјоделството, населбата има полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948336—    
1953446+32.7%
19611.083+142.8%
19711.446+33.5%
19812.256+56.0%
ГодинаНас.±%
19911.932−14.4%
19942.080+7.7%
20022.327+11.9%
2021898−61.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бедиње живееле 135 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бедиње имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]

Населбата е голема, со пораст на бројот на населението. Така, од 1961 година селото броело 1.083 жители, од кои 663 биле Македонци, 150 Срби, 56 Турци и 22 жители Албанци. Во 1994 година бројот се зголемил на 2.080 жители, од кои 1.426 се Македонци, 308 Албанци, 230 Срби, 95 Турци и 21 други.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 898 жители, од кои 232 Македонци, 531 Албанец, 2 Турци, 48 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 83 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан народносниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 336
1953 306 2 39 23 71 ... 5 446
1961 663 22 56 ... ... 150 ... 192 1.083
1971 866 54 22 275 ... 215 ... 14 1.446
1981 1.578 212 28 99 249 ... 80 2.256
1991 1.455 19 11 150 191 ... 106 1.932
1994 1.426 308 95 230 ... 21 2.080
2002 1.451 547 156 164 9 2.327
2021 232 531 2 48 1 1 83 898

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населбата Бедиње има голем број на индустриски погони. Во Бедиње била изградена Индустриската зона Куманово која во минатото важела за голема индустриска зона. Едни од најреномираните индустриски погони кои се наоѓаат во таа идустриска зона се ФЗЦ „11 Октомври“, потоа градежното претпријатие „Koзјак“, кожарскиот произведувачки и преработуавчки погон „Илинден“, фабриката за преработка и производство на пластика „30 Јули“, фабриката за мебел „Диер“ и други.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Факултетот за бизнис администрација.

Населбата Бедиње има своја месна заедница во која се остваруваат сите избори т.е гласања. Во јули 2020 година, Управата за водење матични книги била преселена од средиштето на Куманово, во кругот на поранешната касарна „Христијан Тодоровски - Карпош“.[9]

Во физичките рамки на поранешната касарна зона, сместен е Факултетот за бизнис администрација кој е составна единица на Државниот универзитет во Тетово.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Џамии
Археолошки наоѓалишта
Реки

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Низ Бедиње поминува регионалниот пат Р2133, со месен назив „11 Ноември“, кој на источниот крај на атарот се поврзува со автопатот А1 („Александар Велики“).

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Населбата Бедиње располага со два фудбалски терени.

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 22.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 216.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 126-127.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  9. Д. Давитковски (30 јуни 2020). „Управата за водење на матични книги се сели во Бедиње“. kumanovonews.mk. Архивирано од изворникот на 2022-12-06. Посетено на 6 декември 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. „Факултет за бизнис администрација“. Државен универзитет во Тетово. Архивирано од изворникот 2018-07-15. Посетено на 6 декември 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]