Гордана Јанкулоска
| Гордана Јанкулоска | |
|---|---|
| Министер за внатрешни работи | |
| На должноста 26 август 2006 – 12 мај 2015 | |
| Премиер | Никола Груевски |
| Претходник | Љубомир Михајловски |
| Наследник | Митко Чавков |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 12 октомври 1975 Охрид, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонка |
| Народност | Македонка |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Гордана Јанкулоска (12 октомври 1975 во Охрид) — македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија. На функцијата стапила на 27 август 2006 и ја извршувала до 12 мај 2015 година, кога поднела оставка.[1]
Образование
[уреди | уреди извор]Дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а магистрира на Кентскиот универзитет, Кантербери, Обединетото Кралство, со диплома од највисок ранг на насоката меѓународно деловно право. Во јули 2004 година Правниот факултет при Универзитетот Кент ѝ ја доделил Наградата за посебни достигнувања во областа на правото.[2]
Работно искуство
[уреди | уреди извор]Јанкулоска има работно искуство во различни сегменти на финансии, комбинирано со соработка со меѓународни установи, од повеќе позиции во Министерството за финансии на Република Македонија: Државен советник, (координатор на секторот за правни, општи и сметководствени работи, управата за имотно правни работи, одделението за одлучување во втор степен во управна постапка од областа на даноци и царини; секторот за управување со капиталот; секторот за информатика и дирекцијата за спречување на перење на пари); шеф на кабинетот на министерот; началник на одделение и самостоен советник во секторот за меѓународни финансии.[3]
Учесник е на бројни обуки, семинари и дебати од областа на финасии, право, проектен менаџмент и евалуација на проекти на национално и меѓународно ниво, како и во повеќе тимови за изработката на закони и реализација на проекти во сферата на Реформата на платениот промет, имплементација на фискални машини во Република Македонија.[3]
Други функции
[уреди | уреди извор]Јанкулоска исто така била претседател на Управните одбори на Национална Платежна Картичка А.Д. – Скопје и на Централниот Регистар ; претседател на комисија за денационализација и член на Советот за денационализација.[3]
Во 2018 година Гордана Јанкулоска била осудена на шест години затворска казна за злоупотреба на службената положба за случајот „Тенк“, односно за спорната набавка на мерцедесот од над половина милион евра.[4]
На 1 ноември 2023 година била ослободена од затворот Идризово, една година пред завршувањето на казната.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-14. Посетено на 2015-05-12.
- ↑ Образование
- 1 2 3 Биографија и кариера
- ↑ 6 години затвор
- ↑ На слобода од 1 ноември
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Љубомир Михајловски |
Министер за внатрешни работи на Македонија 2006–2015 |
Наследник Митко Чавков |
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
- Родени во 1975 година
- Политичари од Охрид
- Министри за внатрешни работи на Република Македонија
- Состав на Владата на Република Македонија од 2006
- Состав на Владата на Република Македонија од 2008
- Состав на Владата на Република Македонија од 2011
- Политичари од ВМРО-ДПМНЕ
- Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје
- Магистри на Кентскиот универзитет
- Македонски затвореници и притвореници
- Затвореници во Македонија

