Глигор Ташковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Глигор Ташковиќминистер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции во периодот 2006–2008. Тој има повеќе од петнаесет години меѓународно деловно искуство во повеќе од десет индустриски гранки во дваесет земји. Ташковиќ е Американец со македонско потекло кој подолго време живее во Њујорк. Од странските јазици говори англиски, француски, а има познавања и од латински, јапонски, шпански и бугарски јазик.

Дипломирал право, општество и информатика на Универзитетот Корнел, САД, во 1987 година, каде во 1991 година и магистрира менаџмент на Факултетот за менаџмент. Од 1994 година до 2006 е директор и извршен потпретседател за односи со влади, финансиери, нафтени компании и со медиумите на меѓународната корпорација АМБО за подрачјето во Вашингтон, Брисел, Скопје, Тирана и Софија во врска со развојот и финансирањето на трансбалканскиот нафтовод, вреден од 1,5 милијарди американски долари. Бил консултант на проекти и на раководни функции за корпоративна стратегија и развој како и за медиумска покриеност во секторот на финансиските услуги, телекомуникации, воздухопловство, осигурување, шпедиција, недвижнини, нафтената индустрија и медицинска опрема.



Надворешни врски[уреди | уреди извор]