Владимир Пешевски
| Владимир Пешевски | |
|---|---|
![]() | |
| Вицепремиер за економски прашања | |
| На должноста 10 јули 2009 – 1 јуни 2017 | |
| Премиер | Никола Груевски Емил Димитриев |
| Наследник | Кочо Анѓушев |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 19 јуни 1970 Скопје, СР Македонија, СФРЈ[се бара извор] |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Владимир Пешевски (19 јуни 1970 во Скопје) — македонски политичар и вицепремиер за економски прашања на Владата на Република Македонија во периодот 2009–2017.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Во 1993 година дипломирал на електротехнички факултет во Скопје, на насока енергетика. По завршувањето, тој се запишал и на магистарски степен на обука. Во 2001 година завршил магистратура по деловна администрација на универзитетот од Шефилд, Англија – програма на Градскиот колеџ во Солун.
Веднаш по неговото дипломирање, во 1993 година, тој започнал научно истражувачка кариера. Како асистент во Истражувачкиот центар за нови технологии при Македонска академија на науки и уметности работи на проекти од областа на енергетиката, со акцент на енергетски стратегии, дистрибутивни системи за електрична енергија, обновливи извори на енергија и заштита на човековата средина. Од 1996 година работи при проект на УСАИД како консултант за стратешки менаџмент и финансии давајќи консултантски услуги на преку 50 македонски претпријатија. Во 1998 година, тој станал генерален директор на СЕАФ Македонија и успешно раководил со овој меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции со фокус на приватни компании од Македонија. Во 2006 година ја презел функцијата генерален директор и партнер на СЕАФ Фондот за Јужен Балкан.
Неговото богато професионално искуство го надополнуваат и членувањето во првиот избран состав на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија, членувањето во Националниот совет за конкурентност и претприемништво, како и својството предавач по предметот Стратешки менаџмент во периодот 2004-2006 г.на магистерските студии на Универзитетот од Шефилд (програма на Градскиот колеџ во Солун).
Од јули 2009 до јуни 2017 година бил на функција вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија. Говори англиски, руски и словенски јазици од балканскиот регион. Оженет, татко на три деца.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Влада на Република Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 20 декември 2010.
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
- Статии со непотврдени изјави
- Родени во 1970 година
- Политичари од Скопје
- Состав на Владата на Република Македонија од 2008
- Состав на Владата на Република Македонија од 2011
- Македонски министри
- Политичари од ВМРО-ДПМНЕ
- Вицепремиери на Македонија
- Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје
- Магистри на Шефилдскиот универзитет

