Талат Џафери
| Талат Џафери | |
|---|---|
| Премиер на Република Македонија (технички) | |
| На должноста 28 јануари 2024 – 23 јуни 2024 | |
| Претседател | Стево Пендаровски |
| Претходник | Димитар Ковачевски |
| Наследник | Христијан Мицкоски |
| Претседател на Собранието на Македонија | |
| На должноста 27 април 2017 – 28 јануари 2024 | |
| Претседател | Ѓорѓе Иванов |
| Претходник | Трајко Вељаноски |
| Наследник | Јован Митрески |
| Министер за одбрана | |
| На должноста 18 февруари 2013 – 19 јуни 2014 | |
| Претседател | Ѓорге Иванов |
| Премиер | Никола Груевски |
| Претходник | Фатмир Бесими |
| Наследник | Зоран Јолевски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 15 април 1962 Форино, НР Македонија, ФНРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Албанец |
| Партија | ДУИ |
| Деца | 2 |
| Вероисповед | ислам |
| Воена служба | |
| Прекар | Командант Форина |
| Припадност | |
| Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Талат Џафери (албански: Talat Xhaferi; Форино, 15 април 1962 ) — македонски политичар, поранешен министер за одбрана, поранешен претседател на Собранието на Македонија и поранешен претседател на 34. техничка влада на Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Талат Џафери е роден во гостиварското село Форино на 15 април 1962 година. Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената академија на Копнена војска на ЈНА — насока Пешадија во Белград и Сараево. Последипломски студии — специализација за Командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје. За време на Воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во Тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен Масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово.[1] Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“.[2] Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со Упад во Собраниската зграда.[3] Од ВМРО-ДПМНЕ го оспориле неговиот избор како нелегитимен бидејќи според партијата, бил прекршен деловникот за работа на Собранието.[4]
Функции
[уреди | уреди извор]- 2024 - Технички премиер на Македонија
- 2017 – 2024 - претседател на Собранието на Македонија
- 2014 – 2016 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
- 2013 – 2014 - министер за одбрана на Македонија
- 2011 – 2013 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
- 2008 – 2011 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
- 2004 – 2006 - заменик на министерот за одбрана на Македонија
- 2002 – 2004 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ)
- 1992 – 2001 - офицер во АРМ
- 1985 – 1991 - офицер во ЈНА
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ангелов: Талат Џафери да каже зошто по масакрот кај Вејце, дезертирал од АРМ“. 2013-04-23. Посетено на 2013-07-30.
- ↑ „Груевски го предложи Командант Форина од УЧК за прв човек на македонската одбрана“. Кирилица. 18 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-21. Посетено на 2013-02-19.
- ↑ „Талат Џафери избран за претседател на Собранието“. Дојче Веле. 27 април 2017. Посетено на 2 мај 2017.
- ↑ „СДСМ најавува нова Влада, ВМРО-ДПМНЕ го оспорува изборот на Талат Џафери“. 24 Вести. 30 април 2017. Посетено на 7 мај 2017.
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Фатмир Бесими |
Министер за одбрана 2013–2014 |
Наследник Зоран Јолевски |
| Претходник Трајко Вељаноски |
Претседател на Собранието на Македонија 2017-2024 |
Наследник Јован Митрески |
| ||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
- Родени во 1962 година
- Луѓе од Форино
- Македонски политичари
- Македонски Албанци
- Југословенски Албанци
- Министри за одбрана на Република Македонија
- Состав на Владата на Република Македонија од 2011
- Политичари од ДУИ
- Офицери на ЈНА
- Офицери на АРМ
- Команданти на ОНА
- Пратенички состав 2002-2006
- Пратенички состав 2008-2011
- Пратенички состав 2011-2014
- Пратенички состав 2014-2016
- Пратенички состав 2016-2020





