Прејди на содржината

Доста Димовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Доста Димовска
Министер за внатрешни работи
На должноста
27 декември 1999 – 13 мај 2001
Претседател Љубчо Георгиевски
Претходник Павле Трајанов
Наследник Љубе Бошковски
Лични податоци
Роден(а) 17 февруари 1954
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Починал(а) 4 април 2011(2011-04-04) (возр. 57)
Софија, Бугарија
Националност Македонка
Вероисповед Православен христијанин

Доста Димовска (Скопје, 17 февруари 1954 - Софија, 4 април 2011) — македонска политичарка и поетеса.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Димовска е родена во Скопје на 17 февруари 1954 година, но води потекло од Лазарополе. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како стручен соработник на Филозофскиот факултет.

Нејзината политичка кариера почнала 90-тите години на 20 век. Била на високи државни и партиски функции. Во 1991 била избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 била пратеник, а во тој период раководела со парламентарната Комисија за меѓународни односи. Во 1998 година Димовска била избрана за вицепремиер во владата на Љубчо Георгиевски. Од 27 декември 1999 до 13 мај 2001 година била Министер за внатрешни работи на Македонија. Во 2002 година поднесува оставка од партиските функции од лични причини. На 25 февруари 2002 година е назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напушта на 5 мај 2003 година. Во април 2003 година претседателот Борис Трајковски донел контроверзна одлука со која ја помилувал Димовска, ослободувајќи ја од обвинението дека додека била министерка за внатрешни работи наредила да се прислушуваат 190 јавни личности.[1]

Од почетокот на 2007 година Димовска била директорка на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија. Оваа функција ја вршела сè до март 2010, кога по претрпениот мозочен удар[2], починала во Софија на 4 април 2011 година.[3]

  1. „Трајковски скандалозно ја помилува Димовска за аферата "Прислушување"[мртва врска], „Дневник“, 9 април 2003
  2. „Доста Димовска претрпела мозочен удар, се наоѓа во тешка состојба“. Курир. 19 март 2011. Архивирано од изворникот на 2011-03-21. Посетено на 2011-03-19.
  3. „Почина Доста Димовска“. press24. 4 април 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-05. Посетено на 2011-04-04.
Политички функции
Претходник
Павле Трајанов
Министер за внатрешни работи на Македонија
1999–2001
Наследник
Љубе Бошкоски