Саво Климовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саво Климовски
III Претседател на Собранието
На должноста
19 ноември 1998 – 30 ноември 2000
Претседател Киро Глигоров
Борис Трајковски
Претходник Тито Петковски
Наследник Стојан Андов
Претседател на Република Македонија (В.Д.)
На должноста
19 ноември 1999 – 15 декември 1999
Претходник Киро Глигоров
Наследник Борис Трајковски
Лични податоци
Роден(а) 13 јуни 1947
Скопје, СФРЈ
денес Македонија
Националност Македонец
Партија Демократска Алтернатива
Професија професор, правник, политичар
Вероисповед Православен христијанин

Д-р Саво Климовски (роден на 13 јуни 1947 год. во Скопје) — македонски правник, професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет во Скопје[1].

Научна кариера[уреди | уреди извор]

Правните студии со одличен успех ги завршува во јуни 1970 год. на Правниот Факултет во Скопје, каде што во 1974 год. се стекнува со степен на магистер од областа на правно-политичките науки. Со докторат на правни науки се стекнува во мај 1978 год. на Правниот Факултет во Љубљана. За асистент на Правниот факултет е избран во април 1971 г. Првпат за редовен професор на научната област уставно право и политички систем и политичка филозофија. Од октомври 1992 год. во два мандати е декан на Правниот Факултет во Скопје. Во периодот 1996 до 1998 година е претседател на Универзитетскиот сенат при Универзитетот „Кирил и Методиј“ - Скопје.

Има објавено повеќе монографии, средношколски и универзитетски учебници, како и бројни прилози во научни и стручни публикации.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Саво Климовски во периодот од април 1986 год. до март 1991 год. е член на македонската влада и одговорен за ресорите на образованието, културата и физичката култура.

Од 1992 до 2000 година во Собранието на Република Македонија ги имаше следниве активности:

  • Претседател на комисијата за уставни прашања и политички систем
  • Претседател на комисијата за европски и евро-атлантски интеграции
  • Претседател на советот за меѓунационални односи

На изборите во 1998 година Климовски е избран за пратеник како претставник на Демократската Алтернатива, по што од 1998 до 2000 година ја врши функцијата претседател на Собранието на Република Македонија[2].

Проф. д-р Саво Климовски е основач и претседател на LIONS CLUB - Скопје. Претседател е на невладината организација за научна комуникација и зближување на народите од земјите во кинескиот теснец и останатиот дел од светот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „www.pf.ukim.edu.mk“. Архивирано од изворникот на 2011-11-25. Посетено на 2010-12-07.
  2. www.sobranie.mk

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Тито Петковски
Претседател на Собранието на Македонија
1998–2000
Наследник
Стојан Андов