Јован Митрески
Јован Митрески | |
---|---|
Потпретседател на Собранието на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 28 мај 2024 | |
Претседател на Собранието на Македонија | |
На должноста 26 јануари 2024 – 28 мај 2024 | |
Претходник | Талат Џафери |
Наследник | Африм Гаши |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 ноември 1980 Струга, СР Македонија, СФРЈ |
Народност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Вероисповед | Православен Христијанин |
Јован Митрески (20 ноември 1980 во Струга) — македонски политичар и економист. Во јануари 2024 година, тој бил избран за претседател на Собранието на Македонија.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Јован Митрески е роден во 1980 година во Струга. Основното образование го завршува во родниот град, а средното образование во соседниот Охрид. Во 2004 година дипломира на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.[3] По дипломирањето работи како сметководител, а од 2007 година е професор по стручни економски предмети во СОУ „Нико Нестор“ – Струга.[4]
Митрески едноподруго е избиран за пратеник во Собранието од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на парламентарните избори во 2014, 2016 и 2020 година. Во вториот и третиот мандат е координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ.
На 26 јануари 2024 година Митрески е избран од мнозинството пратеници со 64 гласови „за“ и 40 гласови „против“ за претседател на Собранието. Тој го наследува Талат Џафери, кој има мандат за формирање нова влада која согласно Пржинскиот договор ќе функционира до парламентарните избори закажани за 8 мај.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Анастасовска, Ана (2024-01-26). „Јован Митрески избран за нов спикер без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски денеска ќе му го врачи мандатот на Џафери“. 360 степени. Посетено на 2024-11-01.
- ↑ Јакимовска, Весна (2024-01-26). „Јован Митрески избран за нов претседател на Собранието: „Останувам отворен за соработка со сите пратенички групи се додека работат во интерес на граѓаните"“. МАКФАКС. Посетено на 2024-11-01.
- ↑ „Јован Митрески ја презеде функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија“. www.sobranie.mk. Посетено на 2024-01-27.
- ↑ „За претседателот – Јован Митрески“. Собрание на Република Северна Македонија. Посетено на 27-01-2024. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ Редакција (2024-01-27). „Кој е Јован Митрески, новиот претседател на Собранието“. еМагазин. Посетено на 2024-11-01.