Претседател на Собранието на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претседател на Собранието на
Република Македонија
Логото на Собранието
Функционер
Талат Џафери

од 27 април 2017 г.
НазначувачСобранието на Република Македонија
МандатЧетири години
Прв функционерСтојан Андов
Создадена1991
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Претседател на Собранието на Република Македонија — главен раководител на Собранието на Република Македонија. Претседателот се избира од редот на пратениците со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (61 пратеник). Мандатот на претседателот трае четири години.

Претседателот на Собранието го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, ги потпишува указите за прогласување на законите и врши други работи утврдени со Уставот на Република Македонија и со Деловникот на Собранието. Актуелен претседател на Собранието е Талат Џафери од ДУИ.[1]

Потпретседатели

Потпретседателите на Собранието на Република Македонија му помагаат на претседателот на Собранието во вршењето на неговата функција и го заменуваат во случај на отсуство или спреченост. Потпретседателите на Собранието се избираат од редот на пратениците и нивниот мандат трае четири години. Актуелни потпретседатели на Собранието се Рената Дескоска од СДСМ, Рафис Алити од ДУИ, и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.[2]

Список на претседатели (од 1944 до денес)

Список на претседатели на Народното Собрание на Социјалистичка Република Македонија (1944–1991)

Партија

      СКМ/КПМ

Статус
  Вршител на должност
Име
(роден/а–починал/а)
Слика Мандат Политичка партија
1 Методија Андонов - Ченто
(1902–1957)
2 август 1944 15 март 1946 Комунистичка партија на Македонија
2 Борис Спиров
(1898–1974)
30 декември 1946 30 декември 1947 Комунистичка партија на Македонија
3 Димитар Несторов
(1890–1968)
30 декември 1947 3 јануари 1951 Комунистичка партија на Македонија
4 Димче Стојанов
(1910–1991)
4 јануари 1951 18 декември 1953 Комунистичка партија на Македонија
во 1952 преименувана во
Сојуз на комунистите на Македонија
5 Лазар Колишевски
(1914–2000)
19 ноември 1953 26 јуни 1962 Сојуз на комунистите на Македонија
6 Љупчо Арсов
(1910–1986)
26 јуни 1962 24 јуни 1963 Сојуз на комунистите на Македонија
7 Видое Смилевски
(1915–1979)
25 јуни 1963 12 мај 1967 Сојуз на комунистите на Македонија
8 Мито Хаџивасилев
(1921–1968)
12 мај 1967 12 мај 1968 Сојуз на комунистите на Македонија
9 Никола Минчев
(1915–1997)
23 септември 1968 6 мај 1974 Сојуз на комунистите на Македонија
10 Благоја Талески
(1924–2001)
7 мај 1974 28 април 1982 Сојуз на комунистите на Македонија
11 Бошко Станковски
(1925–1987)
28 април 1982 28 април 1984 Сојуз на комунистите на Македонија
12 Ката Лахтова
(1924–1995)
28 април 1984 25 април 1985 Сојуз на комунистите на Македонија
13 Станко Младеновски
(1937–)
25 април 1985 28 април 1986 Сојуз на комунистите на Македонија
14 Вулнет Старова
(1934–1995)
28 април 1986 8 јануари 1991 Сојуз на комунистите на Македонија

Список на претседатели на Собранието на Република Македонија (1991–денес)

Партии

      ЛПМ       СДСМ       ДА       ЛДП       ВМРО-ДПМНЕ       ДУИ

Статус
  Вршител на должност
Име
(роден/а–починал/а)
Слика Мандат Политичка партија
1 Стојан Андов
(1935–)
8 јануари 1991 6 март 1996 Либерална партија на Македонија
2 Тито Петковски
(1945–)
6 март 1996 19 ноември 1998 Социјалдемократски сојуз на Македонија
3 Саво Климовски
(1947–)
19 ноември 1998 30 ноември 2000 Демократска алтернатива
4 Стојан Андов
(1935–)
30 ноември 2000 4 октомври 2002 Либерална партија на Македонија
5 Никола Поповски
(1962–)
4 октомври 2002 8 ноември 2003 Социјалдемократски сојуз на Македонија
Лилјана Поповска
(1956–)
8 ноември 2003 18 ноември 2003 Либерално-демократска партија на Македонија
6 Љупчо Јордановски
(1953–2010)
18 ноември 2003 2 август 2006 Социјалдемократски сојуз на Македонија
7 Љубиша Георгиевски
(1937–2018)
2 август 2006 21 јуни 2008 Внатрешна македонска револуционерна организација

Демократска партија за македонско национално единство
8 Трајко Вељаноски
(1962–)
21 јуни 2008 27 април 2017 Внатрешна македонска револуционерна организација

Демократска партија за македонско национално единство
9 Талат Џафери
(1962–)
27 април 2017 28 јануари 2024 Демократска унија за интеграција

Наводи

Надворешни врски