Јавно обвинителство на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јавното обвинителство е дел од правосудниот систем на Македонија.

Задачи[уреди | уреди извор]

Јавното обвинителство има надлежност во откривање на кривични дела и нивните сторители, прибирање на докази и кривично гонење на сторителите. Гонењето се презема според службена должност а надлежностите на јавното обвинителство се утврдени со Законот за јавно обвинителство и Законот за кривична постапка. Со Законот за кривична постапка, севкупната предистражна и истражна постапка се доверени на јавните обвинители кои имаат право и должност да ги насочуваат дејствијата на органите надлежни за откривање и пријавување на кривичните дела и на нивните сторители. Обвинителите одлучуваат за преземање или продолжување на кривично гонење за сторителите на кривични дела, поднесуваат барање за поведување прекршочна постапка, поднесуваат и застапуваат обвиненија пред судовите, изјавуваат редовни или вонредни правни лекови против судските одлуки.