Приклучување на Македонија кон НАТО

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова е хронологија на процесот на приклучување на Македонија кон НАТО.

Хронологија[уреди | уреди извор]

  • 23 декември 1993 година - Собранието на Република Македонија донесе одлука за зачленување на Република Македонија во НАТО.[1]
  • 15 ноември 1995 година - Република Македонија како 27-ма земја членка пристапува кон програмата Партнерство за мир (ПзМ). Станува членка на Северноатлантскиот совет за соработка. Самото пристапување кон ПзМ беше условено со претходно членство во ОБСЕ, кое пак беше блокирано поради спорот со името со Република Грција.
  • 19 и 22 декември 1995 година - Договор РМ-НАТО за транзит на силите на ИФОР/СФОР низ територијата на Република Македонија. Договорот беше продолжен на 18 и 26 декември 1996 година.
  • 17 и 19 јануари 1996 година - извршена е размена на писма со кои е склучена Спогодбата за безбедносни аранжмани меѓу РМ и НАТО.
  • 1 февруари 1996 - Советот за безбедност на ОН го прифати предлогот на генералниот секретар на ОН од овој датум силите за превентивно распоредување на ОН УНПРЕДЕП да станат целосно независна операција во Р. Македонија.
  • 12 април 1996 година - Владата на Република Македонија ги прифати Правилата за однесување на НАТО.
  • 24 април 1996 година - Владата на РМ донесе одлука за основање „Служба за реципрочна безбедност и заштита на информациите меѓу Владата на РМ и НАТО“.
  • 12 мај 1996 година - во Брисел на свечената седница на Северноатлантскиот совет на НАТО и РМ беше обострано прифатена Индивидуалната програма на РМ во рамки на ПзМ за 1996 - 1998 година.
  • 30 мај 1996 година - склучен е Договорот меѓу државите страни на НАТО и другите држави учеснички во ПзМ во врска со Статусот на нивните сили (СОФА) и Дополнителниот протокол на Договорот. Ратификувани на 4 јуни 1996 година. Присутните (94) пратеници во Собранието на РМ, едногласно го донесоа Законот за ратификација на Договорот, а уредување на статусот на силите на земјите членки на Северноатлантската одбранбена алијанса и ПзМ. Договорот стапи во сила на 19 јули 1996 година.
  • 14 јуни 1996 во Брисел, во седиштето на НАТО, отворена е македонска канцеларија за врски.
  • 15 до 20 јули 1996 година - РМ учествуваше на заедничката вежба „Миротворен орел 96“ на земјите членки на НАТО (7) и земјите членки на ПзМ, што се одржа во Албанија (Бизе).
  • Јули и септември 1996 година - РМ одржа два индивидуални политички дијалози со НАТО (16+1). Во текот на дијалозите беа презентирани и се дискутираа македонските документи за дискусија. Во првиот документ беа истакнати македонските погледи кон целите и принципите на Студијата при што беше констатирано дека студијата во целост е прифатлива за РМ и истите во голем дел веќе се имплементирани и во практитката на нашата внатрешна и надвореша политика. Вториот презентациски документ претставува извештај за воените потенцијали на РМ и можниот македонски придонес во колективната одбрана на Алијансата.
  • 21 до 26 октомври 1996 година - Во Охрид се одржа првиот дел на мултинационалната командно-штабна вежба „Спасител 96“, на која учествуваа 9 земји, членки на НАТО и ПзМ.
  • 24 до 26 октомври 1996 година - Во посета на РМ претстојуваше Претседателот на Северноатлантското собрание, Карстен Фогт. Тој ги поздрави македонските остварувања и вети дека Северноатлантското собрание ќе придонесе во залагањата за подобра соработка и интеграција.
  • Декември 1996 година - Доставување на „Прегледот на севкупната интероперативност за 1997 година“.
  • 15 до 18 јануари 1997 година - РМ е официјално примена во Комитетот за воено планирање и анализа, што претставува висок степен во соработката со НАТО.
  • 17 март 1997 година - Во Скопје се одржаа консултации РМ-НАТО за Процесот на преглед и планирање ПАРП. Делегацијата на НАТО беше предводена од Франк Боланд, началник на отсекот за планирање на силите на НАТО и одговорен за спроведување на ПАРП во земјите партнери.
  • 24 март 1997 - Во Скопје започна Главната конференција на првата мултинационална вежба што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година „Спасител ’97“.
  • 24 и 25 март 1997 година - Официјална посета на Република Македонија од страна на Генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана во придружба на Врховниот командант за Европа, Џорџ Џулван.
  • 12 - 16 мај 1997 година - На воениот полигон Пепелиште, кај Неготино, е одржана мултинационалната воена вежба „Спасител ’97“, прва од ваков вид организирана на територијата на Република Македонија.
  • 16 април 1997 година - во Брисел Република Македонија е примена во процесот на ПАРП.
  • 17 април 1997 година - се одржа третиот по ред Индивидуален интензивиран дијалог РМ-НАТО по Студијата за проширувањето на НАТО.
  • 12 до 16 мај 1997 година - на армискиот полигон „Криволак“ се одржа првата меѓународна вежба во рамките на програмата на ПзМ „Спасител 97“.
  • 22 - 31 август 1997 година - Во Пепелиште се одржа билатералната „Медицинска вежба ’97-2“.
  • 19 мај 1998 година - прелет на авиони на НАТО од типот на АВАКС, во рамките на мисијата на ПзМ.
  • 23-25 април 1999 година - на Самитот на НАТО во Вашингтон Република Македонија заедно со уште девет земји беше вклучена во Акциониот план за членство.
  • март - јуни 1999 година - Македонија беше клучен партнер на НАТО во Косовската војна, помагајќи ги операциите на НАТО и обезбедувајќи прибежиште за косовските бегалци.
  • март - август 2001 година - НАТО одигра клучна улога во смирувањето на насилствата и обезбедувањето на услови за преговори помеѓу македонските власти и албанските бунтовници. НАТО обезбеди и сили за прибирање на оружјето од поранешните бунтовници и го поддржува спроведувањето на Охридскиот договор.
  • 2002 година - Македонија испраќа воен персонал во поддршка на Меѓународните сили на НАТО во Авганистан.
  • 2005 година - Комбиниран медицински тим од три земји вклучувајќи ја и Македонија им се придружува на силите на НАТО во Авганистан.
  • 2005 година - Македонија е домаќин на вежбите на ПзМ „Кооперативен придрушник 05“ и „Кооперативен стрелец 05“.
  • јуни 2007 година - Македонија е домаќин на форумот за безбедност на Евроатлантскиот партнерски совет.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]