Либерална партија (Македонија)
Либерална партија (ЛП) | |
---|---|
Водач | Стојан Андов Ивон Величковски |
Генерален секретар | Филип Николовски |
Основач | Стојан Андов |
Основана | 5 октомври 1990, 1997 споена со Демократска партија, 1999 обновена |
Распуштена | Либерална партија во јуни 2019 година е избришана како политички субјект, и веќе не постои |
Штаб | Скопје |
Идеологија | Либерализам |
Европска припадност | Сојуз на либерали и демократи на Европа |
Бои | виолетова, жолта, сина, бела |
Мрежно место | |
www.lp.org.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Либерална партија (ЛП) — македонска политичка партија со либерална ориентација. Претседател на партијата е Ивон Величковски.
Либералната партија е наследник на Сојуз на Реформски сили (формирана на 5 октомври 1990) која на 19 април 1997 се обединила со Демократската во Либерално демократската партија. Поради внатрешни несогласвуања во партијата помеѓу поранешните либерали и демократи, во 1999 година дел од поранешните либерали се отцепиле од ЛДП и на 23 декември 1999 година ја формирале (обновиле) ЛПМ.
Партијата досега имала еден свој кандидат за претседател, водачот на партијата, Стојан Андов кој на претседателските избори во 1999 година освоил 111.983 гласови или 10,8% од вкупниот број на гласови. Андов не успеал да се квалификува во вториот круг.
На парламентарните избори во 2002 година ЛПМ настапила во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и освоила 5 мандати во Собранието на Република Македонија. На парламентарните избори во 2006 година ЛПМ повторно настапила во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и освоила 2 мандати. Но, на следните парламентарни избори во 2008 година ЛПМ преминала во опозиција и, како дел од коалицијата СОНЦЕ. Коалиција за Европа, освоила еден мандат.
На Деветтиот конгрес на партијата дотогашниот претседател Стојан Андов се повлекол од функцијата и бил наследен од Борче Стојановски.[1] На Десеттиот партиски конгрес во април 2011 година за претседател на партијата бил избран Ивон Величковски, а Стојан Андов бил назначен за почесен претседател на партијата.[2]
На парламентарните избори во 2011 година ЛПМ повторно учествувала како дел од коалицијата предводена од СДСМ и освоила едно пратеничко место. На парламентарните избори во 2014, ЛП не учествувала.
На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала самостојно освојувајќи 3.840 гласови (0,32%) и не освоила пратенички мандат.[3]
Либерална партија на Македонија во јуни 2019 година е избришана како политички субјект во Основен суд Скопје 2 Скопје, и веќе не постои.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на ЛПМ Архивирано на 25 февруари 2014 г.