Основни судови со проширена надлежност во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Основни судови со проширена надлежност во Македонија — судови кои ја извршуваат судската власт на Македонија во прв степен. Овие судови за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци.

Во рамките на судовите со проширена надлежност задолжително се основаат специјализирани судски оддели кои ќе постапуваат за одделни видови на спорови.[1]

Основни судови[уреди | уреди извор]

Постојат 11 основни судови со проширена надлежност со седиште во Битола, Велес, Гостивар, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и во Штип. Следниве основни судови се со проширена надлежност. Овие судови ги вршат надлежностите и на подрачјата на судовите со основна надлежност.

  1. Основен суд во Битола со седиште во градот Битола за подрачјето на судовите во: Битола и Ресен;
  2. Основен суд во Велес со седиште во градот Велес за подрачјето на судовите во: Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино;
  3. Основен суд во Гостивар со седиште во градот Гостивар за подрачјето на судовите во: Гостивар, Кичево и Дебар;
  4. Основен суд во Кочани со седиште во градот Кочани за подрачјето на судовите во: Кочани, Берово, Виница и Делчево;
  5. Основен суд во Куманово со седиште во градот Куманово за подрачјето на судовите во: Куманово, Кратово и Крива Паланка;
  6. Основен суд во Охрид со седиште во градот Охрид за подрачјето на судовите во: Охрид;
  7. Основен суд во Прилеп со седиште во градот Прилеп за подрачјето на судовите во: Прилеп и Крушево;
  8. Основен суд во Струга со седиште во градот Струга за подрачјето на судовите во: Струга;
  9. Основен суд во Струмица со седиште во градот Струмица за подрачјето на судовите во: Струмица и Радовиш;
  10. Основен суд во Тетово со седиште во градот Тетово за подрачјето на судовите во: Тетово и
  11. Основен суд во Штип со седиште во градот Штип за подрачјето на судовите во: Штип и Свети Николе.

Основниот суд Скопје I и Основниот суд Скопје II со седиште во градот Скопје исто така се сметаат за кривични судови со проширена надлежност за територијата на сите општини за кои се надлежни и како судови со основна надлежност. Од 2008 година, во Основниот суд Скопје I постои специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на државата.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]