Демократска алтернатива

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Демократска алтернатива
ДА
Водач Васил Тупурковски
Основана Март 1998
Идеологија центризам
Политичка положба центар
Меѓународна припадност нема
Европска припадност нема
Европски парламент нема
Бои бои на виножитото
Политика на Република Македонија
Партии
Избори

Демократска алтернатива (ДА) — поранешна центристичка политичка партија во Македонија. Oснована e на 21 март 1998 од страна на Васил Тупурковски, поранешен член на Претседателството на Југославија.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред парламентарните избори во 1998 година ДА склучила предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и заедно со неа победила на изборите и формирала влада, во која влегла, покрај овие две партии, и Демократската партија на Албанците.

Единствен кандидат за претседател од ДА, бил лидерот на партијата, Васил Тупурковски, кој на претседателските избори во 1999 година освоил 163.206 гласови или 15,7% од гласовите, но не успеал да се квалификува во вториот круг.

Контроверзија[уреди | уреди извор]

Во периодот кога ДА била во владата се донела контроверзна одлука за признавање на Тајван како суверена држава, потег што според ДА требало да ја извлече земјата од економската криза, но од кого не произлегле никакви економски поволности.

На парламентарните избори во 2002 година, ДА освоила 1,4% од гласовите и не освоила мандати во Собранието.

Наводи[уреди | уреди извор]