Трајко Вељаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трајко Вељаноски
Trajko Veljanovski 2015.jpg
VIII Претседател на Собранието
На должноста
21 јуни 2008 – 18 октомври 2016
Претседател Бранко Црвенковски
Ѓорге Иванов
Претходник Љубиша Георгиевски
Наследник Талат Џафери
Лични податоци
Роден(а) 2 ноември 1962
Сливово, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ[1]
Професија правник, политичар
Вероисповед Православен христијанин

Трајко Вељаноски (2 ноември, 1962 во Сливово, Охридско) — правник, политичар и осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.

Биографија[уреди | уреди извор]

На Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" ги завршува студиите по правни науки, а во 1988 година го полага адвокатскиот испит и истата година отвора самостојна адвокатска канцеларија. Како адвокат работи до почетокот на 1999 година. Оженет е и е татко на две деца.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Своето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнува во 1993 година со вклучувањето во ВМРО-ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба - правото и легислативата. Така, повеќе години ја води Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 1999 година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик - министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, коференции и семинари.

Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на председатлот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции. Во повеќе изборни циклуси, како што се председателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија.

На парламентарните избори во 2006 година Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На изборите во јуни 2008 година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Љубиша Георгиевски
Претседател на Собранието на Македонија
2008–2016
Наследник
Талат Џафери