13 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2025 13 јуни — 164-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (165-ти во престапна година). Останува 201 ден до крајот на годината.
Настани:
| 313 | Римските совладетели Константин I и Лициниј го издаваат Миланскиот едикт со кој гарантираат верска толеранција. Со тоа запираат вековните прогони на христијаните. |
| 1894 | Пуштена е во сообраќај железничката линија Битола - Солун. |
| 1944 | Втора светска војна: Германија започна да го бомбардира Лондон со ракети „Фау-1“ (V-1). |
| 1956 | Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет. |
| 1973 | Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот. |
| 1983 | Американското вселенско летало Пионир 10 ја помина орбитата на Нептун. Тој претставува првото вселенско летало од Земјата кое го напуштило Сончевиот Систем. |
| 1993 | Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада. |
| 2017 | Излегол последниот број на дневниот весник „Дневник“. |
Родени:
Починале:
| 1886 | Лудвиг II — крал на Баварија. |
| 1943 | Кочо Рацин — македонски поет и револуционер. |
| 1965 | Мартин Бубер — австриски филозоф. |
| 1982 | Халид бин Абдулазиз — крал на Саудиска Арабија. |
| 1986 | Бени Гудман — американски џез-музичар. |
| 1993 | Васил Куноски — македонски поет за деца. |
| 1993 | Гајо Петровиќ — хрватски марксистички филозоф. |
| 2002 | Анте Младиниќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 2005 | Алваро Куњал — португалски комунистички политичар. |
| 2006 | Вангел Наумовски — македонски сликар. |
| 2014 | Ѓула Грошич — унгарски фудбалер. |