Крал на Саудиска Арабија
| Крал of Саудиска Арабија | |
|---|---|
| ملك المملكة العربية السعودية | |
| |
| Звање | Чувар на Двете свети џамии |
| Престолонаследник | Мукрин |
| Прв владетел | Абдулазиз |
| Основање | 22 септември 1932 |
| Седиште | Кралски дворец, Ријад[1] |
Крал на Саудиска Арабија — апсолутен монарх на Саудиска Арабија и старешина на династијата Сауд. Го носи звањето Чувар на Двете Свети Џамии (خادم الحرمين الشريفين), што се однесува на старателството врз Светата џамија (Месџид ел-Харам) во Мека и Џамијата на Пророкот (Месџид ел-Небеви) во Медина — воведено во 1986 г. наместо дотогашната „Неговото Величество“.
Историја
[уреди | уреди извор]Кралот Абдулазиз (ибн Сауд) почнал да ја освојува денешна Саудиска Арабија во 1902 г. со враќањето на семејната надлежност како емири на Ријад. Потоа продолжил со освојвуање на Неџд (1922), а потоа Хиџаз (1925). Звањето гласело „Султан на Неџд“, подоцна сменето во „Крал на Хиџаз и Неџд“, за во 1932 г. да го добие денешното.
Наследување
[уреди | уреди извор]По смртта на Абдулазиз, сите досегашни владетели се негови синови како наследници. Овој систем се разликува од западните монархии, каде наследувањето оди по син наспроти брат.
Други функции
[уреди | уреди извор]Покрај владетел и старешина на династијата, кралот има улога и на премиер на државата, при што вицепремиер е престолонаследникот. Следниот на списокот по престолонаследникот ја има функцијата „втор вицепремиер“.
Кралеви на Саудиска Арабија (1932–)
[уреди | уреди извор]| Име |
Животен век |
Стапил |
Отстапил |
Белешки |
Династија |
Слика |
|---|---|---|---|---|---|---|
Абдулазиз
|
26 ноември 1876 – 9 ноември 1953 (возр. 76) | 22 септември 1932 | 9 ноември 1953 | Сауд | ||
Сауд
|
12 јануари 1902 – 23 февруари 1969 (возр. 67) | 9 ноември 1953 | 2 ноември 1964 (тргнат) |
Сауд | ||
Фејсал
|
април 1906 – 25 март 1975 (воз. 68) |
2 ноември 1964 | 25 март 1975 (убиен) |
Сауд | ||
Халид
|
13 февруари 1913 – 13 јуни 1982 (возр. 69) | 25 март 1975 | 13 јуни 1982 | Сауд | ||
Фахд
|
16 март 1921 – 1 август 2005 (возр. 84) | 13 јуни 1982 | 1 август 2005 | Сауд | ||
Абдула
|
1 август 1924 – 23 јануари 2015 (возр. 90) | 1 август 2005 | 23 јануари 2015 | Сауд | ||
Салман
|
31 декември 1935 | 23 јануари 2015 | на власт | Сауд |
Тековни престолонаследници
[уреди | уреди извор]- Престолонаследникот Мукрин, р. 15 септември 1945 син на Абдулазиз и Барака ел-Јеменија
- Заменикот-престолонаследник Мухамед бин Најф, р. 1959 (воз. 66–67 г.), син на Најф бин Абдулазиз и ел-Џаухара бинт Абдулазиз, внук на Абдулазиз бин Сауд и Хеса бинт Ахмед.
Хронологија
[уреди | уреди извор]
Кралски стандард
[уреди | уреди извор]
Кралскиот стандард се состои од зелено знаме со натпис, бела сабја и државниот амблем со златна во долниот десен кантон.
Натписот е шехадетот, односно сведочењето за верата, напишано со букви во стилот сулус:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Kings of the World – Rich Living Monarchs and their Royal Residences“. Архивирано од изворникот на 2016-01-13. Посетено на 2015-01-26.
- ↑ „About Saudi Arabia: Facts and figures“. The Royal Embassy of Saudi Arabia, Washington D.C. Архивирано од изворникот на 2012-04-17. Посетено на 24 April 2012.
