Прејди на содржината

Дон Баџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дон Баx, американски тенисер, Вимблдон сингл шампион за тенис 1937 и 1938 година

Џон Доналд „Дон“ Баџ (англиски: John Donald "Don" Budge; Оуклeнд, Калифорнија, 13 јуни 1915Скрантон, Пенсилванија, 26 јануари 2000) бил тенисер на Америка. Баџ е прв тенисер во историјата кој го освоил календарски гренд слем (1938), победувајќи на сите четири најголеми натпреварувања во една година. Тој исто така е рекордер по бројот на узастапно освоени гренд слемови (6). На почетокот на кариерата бил аматер, а подоцна преминал во професионалци. СЕ Пензионирал во 1955 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Баџ е роден 13 јуни 1915 година во Калифорнија. Татко му бил фудбалер. Баџ во младоста бил заинтересиран за други спортови, но набрзо сфатил дека е природно надарен за тенис. Запонал да студира на Калифорнискиот универзитет, но го напуштил за да игра тенис за САД. Тогаш имал само деветнаест години.

Вејќе со 21 година играл на Вимблдон, каде го поразил тогашниот први аматерски играч на светот, Фред Пери. Баџ вејќе следната годин јаа преземал таа титула од Перија, откако станал професионалац. Tаа година, исто така, ја освоил Вимблдон во сите три конкуренции (поединечно, парови и мешани парови) и мѕ ја донел титулата Дејвис куп на тимот САД кога го победил на Готфрид фон Крам од Нацистичка Германија со резултат 3:2.

Следната година, 1938 година, Баџ влегол во тениската историја така што станал прв играч кој ги освоил сите четири гренд слем турнири во една година. До денес, неговиот успех (во машка конкуренција) го обновил само Род Лејвер (1962 и 1969). Баџ во текот на 1937 и 1938 победил во 92 последователени натпревари.

Американскиот тенисер Дон Баџ во Белиот градски тениски клуб во Сиднеј, Австралија

Баџ станал професионалац 1939 година. Во текот на Втора светска војна Служел во воздухопловната единица, каде во една вежба се здобил со повреда на рамото, која засекогаш го спречила да се врати на негово најдобро ниво. Се пензионирал во 1955, а 1964 примен е во Тениската куќа на славни.

Баџовата игра ја карактеризирал моќен сервис и одличен бекхенд. Исто така останал запамтен по исклучително пристојно понашање на терен, без покажување на бес и конфликт со судиите.

Баџ во 1999 возеќи удрил во дрво. Од таа повреде никогаш не се опоравил и умрел аз неколку месеци подоцна, во јануари 2000 година. Имал жена Лоријел и два сина, Дејвид и Џефриј.

Аматерски гренд слем турнири

[уреди | уреди извор]
Исход Година Турнир Противник Резултат
Пораз1936.Првенство САДОбединето Кралство Фред Пери6:2, 2:6, 6:8, 6:1, 8:10
Победа1937.ВимблдонТрет Рајх Готфрид фон Крам6:3, 6:4, 6:2
Победа1937.Првенство САДТрет Рајх Готфрид фон Крам6:1, 7:9, 6:1, 3:6, 6:1
Победа1938.Првенство АвстралијаАвстралија Џон Бромвич6:4, 6:2, 6:1
Победа1938.Ролан ГаросЧехословачка Родерих Мензел6:3, 6:2, 6:4
Победа1938.ВимблдонОбединето Кралство Бани Остин6:1, 6:0, 6:3
Победа1938.Првенство САДСАД Еуген Мако6:3, 6:8, 6:2, 6:1

Професионални гренд слем турнири — поединечно (4:4)

[уреди | уреди извор]
Исход Година Турнир Противник Резултат
Победа1939.Професионално првенство ФранцијаСАД Елсворт Вајнс6:2, 7:5, 6:3
Победа1939.ВемблиТрет Рајх Ханс Нислајн13:11, 2:6, 6:4
Победа1940.Професионално првенство САДОбединето Кралство Фред Пери6:3, 5:7, 6:4, 6:3
Победа1942.Професионално првенство САДСАД Боби Ригз6:2, 6:2, 6:2
Пораз1946.Професионално првенство САДСАД Боби Ригз3:6, 1:6, 1:6
Пораз1947.Професионално првенство САДСАД Боби Ригз6:3, 3:6, 8:10, 6:4, 3:6
Пораз1949.Професионално првенство САДСАД Боби Ригз7:9, 6:3, 3:6, 5:7
Пораз1953.Професионално првенство САДСАД Панчо Гонсалес6:4, 4:6, 5:7, 2:6