Карлос Чавес
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Карлос Чавес | ||
| Роден | Карлос Антонио де Падуа Чавес и Рамирес 13 јуни 1899 Попотла, Мексико | |
|---|---|---|
| Починал | 2 август 1978 Мексико, Мексико | |
| Националност | Мексиканец | |
| Познат | Индијанска Симфонија, основач на Националниот Симфониски Оркестар на Мексико | |
| Занимање | Композитор | |
| Сопружник | Отилија Ортиз | |
| Татко | ||
| Родители | Аугустин Чавес | |
| Деца | Анита Чавес | |
Карлос Антонио де Падуа Чавес и Рамирес (шпански: Carlos Antonio de Padua Chávez y Ramírez, 13 јуни 1899 - 2 август 1978) — мексикански композитор, диригент, учител, новинар и основач и директор на Националниот Симфониски Оркестар на Мексико. Бил под влијание на домородните мексикански култури. Од неговите шест симфонии, најпозната е Втората Симфонија, наречена Индијанска Симфонија (Sinfonía India) во која се користат перкусиони инструменти на племето Јаки.
Во неговото време, Карлос Чавес бил највлијателниот композитор во земјата, градејќи рафиниран и класичен музички израз. Освен шесте симфонии, има напишано повеќе од 200 дела, меѓу кои и балети и опери.
|