Паво Нурми
Паво Јоханес Нурми (13 јуни 1897 - 2 октомври 1973) бил фински атлетичар. Се родил во Турку, Финска.
Нурми е дел од финскиот атлетски состав во друштво со Ханес Колехмаинен , Виле Ритола и други коишто доминирале во атлетиката во 20-тите години на XX век. Негова специјалност биле средните и долгите патеки однсоно неговата доминација започнувала од тркита на 1500m, па сè до трката долга 20 km.
Паво Нурми освоил 12 медали на Олимписките игри од кои 9 златни и 3 сребрени на Летните олимписки игри 1920, 1924 и 1928 година. Во 1932 година, тој бил подготвен за настап на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, но бил оневозможен да учествува, бидејќи станал професионалец.
Олимписки достигнувања
[уреди | уреди извор]Летни олимписки игри - 1920, Антверпен
[уреди | уреди извор]На Летните олимписки игри - 1920 во Антверпен, Паво нурми освоил 3 златни медали и еден сребрен. Светот се запознал со неговиот лик, стил и неговата големина. Нурми освоил злато на трките на 8000m крос кантри, 8000m крос кантри во тимска конкуренција и на 10000m. Единствениот сребрен медал го освоил во трката на 5000m.
Летни олимписки игри - 1924, Париз
[уреди | уреди извор]Во 1924, „градот на светлината“ му ја осветлил спортската кариера на Нурми којшто на Олимписките игри освоил 5 медали и сите биле златни. Златата ги освоил во трките на 1500m, 3000m во тимска конкуренција, 5000m (среброто од игрите 4 години пред тоа го претворил во злато), 5000m крос кантри и 5000m крос кантри во тимска конкуренција.
Летни олимписки игри - 1928, Амстердам
[уреди | уреди извор]„Летечкиот Финец“ продолжил да лета на атлетските патеки и на Летните олимписки игри - 1928 одржани во Амстердам. Тој освоил еден златен и 2 бронзени медали. Се позлатил во неговата препознатлива дисциплина, трката на 10000m, а сребра освоил во трката на 5000m и во трката на 3000m со пречки.
Летни олимписки игри - 1932, Лос Анџелес?
[уреди | уреди извор]На Паво Нурми не му било дозволено да учествува на Летните олимписки игри - 1932 одржани во Лос Анџелес поради тоа што станал професионалец.
Лични рекорди
[уреди | уреди извор]Сите лични рекорди на Паво Нурми биле светски рекорди во негово време.
Трка | Резултат | Година |
---|---|---|
1500m | 3:52,6 | 1924 |
2000m | 5:24,6 | 1927 |
3000m | 8:20,4 | 1926 |
5000m | 14:28,2 | 1924 |
10000m | 30:06,2 | 1924 |
15000m | 46:49,6 | 1928 |
20000m | 1:04:38,4 | 1930 |
1h | 19 km 210m | 1928 |
1 милја | 4:10,4 | 1923 |
2 милји | 8:59,6 | 1931 |
3 милји | 14:11,2 | 1923 |
4 милји | 19:15,4 | 1924 |
5 милји | 24:06,2 | 1924 |
6 милји | 29:36,4 | 1930 |
штафета 4 x 1500m | 16:11,4 | 1926 |
|