Милански едикт
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Милански едикт — указ пропишан од страна на римските цареви Лициниј и Константин I Велики, со кој била прогласена верска рамнопрвност во империјата и било ставено крај на прогоните на христијаните кое траело околу три века. Указот бил издаден во Медиолан (денешно Милано).
По абдикацијата на Диоклецијан и Максимијан во [305] година, за нови владетели биле прогласени Галериј и Констанциј I Хлор. Галериј за цезар на источните провинции на империјата го назначил Максимијан Даја, а за цезар на Италија и африканските провинции го назначил Флавиј Валериј Север. За само неколку години, во Римското Царство се појавиле голем број на цезари и августи. За првпат, во 311 година Галериј издал едикт за прекратување на прогоните на христијаните, но по само неколку денови тој починал. На негово место застанал Линциниј и Константин како еден од најголемите поддржувачи на христијанството. Од друга страна пак застанале Максимин деја и Максенциј кои за краток период биле убиени. Така, Лициниј и Константин I Велики се сретнале во градот Медиолан (денешно Милано) каде бил издаден овој едикт.
|