Прејди на содржината

Ненад Новковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ненад Новковски
Министер за образование
На должноста
30 ноември 1998 – 28 декември 1999
Премиер Љубчо Георгиевски
Претходник Софија Тодорова
Наследник Гале Галев
Министер за наука
На должноста
28 декември 1999 – 31 јули 2000
Премиер Љубчо Георгиевски
Претходник Мерие Рушани
Наследник нема[1]
Министер за образование и наука
На должноста
1 ноември 2000 – 1 ноември 2002
Премиер Љубчо Георгиевски
Претходник Гале Галев
Наследник Азис Положани
Лични податоци
Роден(а) 14 мај 1958
Крива Паланка, Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Факултет по физика

Ненад Новковски (роден на 14 мај 1958 година во Крива Паланка) — македонски професор и политичар.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ненад Новковски е роден на 14 мај 1958 година во градот Крива Паланка. Основ­ното и сред­ното обра­зование ги завршил во род­ниот град, каде што матурирал во 1976 година. Во 1976 година се запишал на Факултетот по физика во Скопје. Откако дипломирал во 1980 година станал помлад асистент по физика на тврдо тело при Факултетот за физика. Помеѓу 1981 и 1983 година студирал на Факултетот за електротехника на Белградскиот универзитет. Во 1985 година завршил магистерски степен со одбрана на магистерскиот труд “Нов приод кон теоријата на BSF сончевите ќелии”.

Од 1987 година заминал како стипен­дист на влада­та на Швај­ца­рија на на­уч­­но усо­вр­шу­вање во Лозана. Во 1991 година бил избран за доцент на Институтот за физика на ПМФ. Во 1996 година бил избран за вонреден професор по физика на кондензирана материја и по основи на физиката на тврдо тело. Во 2001 година бил избран во звањето редовен професор, а во 2006 година реизбран во ова звање.

Ненад Новковски извршувал повеќе функции, како:

  • раководител на постдипломските студии на Институтот за физика
  • раководи­тел на Заво­дот за физика на конден­зи­раната материја
  • заменик-главен и одговорен уред­ник на политичкиот магазин Глас

Политичка кариера

[уреди | уреди извор]

Ненад Новковски бил член на Извршниот коми­тет на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна станал претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-НП.

Во Владата на Македонија од 1998 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука до 2002 година.

Членство

[уреди | уреди извор]

Ненад Новковски е член на повеќе друштва:

  • Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ)
  • Европското друштво на физичари
  • IEEE
  • Американското друштво на физичари
  • Светската академска асоцијација „Платон“
  1. Во 2000 година, Министетвото за образование и Министерството за наука на Република Македонија се споиле во Министерство за образование и наука на Република Македонија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Политички функции
Претходник
Софија Тодорова
Министер за образование
30 ноември 1998 - 28 декември 1999
Наследник
Гале Галев
Претходник
Мерие Рушани
Министер за наука
28 декември 1999 - 31 јули 2000
Наследник
нема
Претходник
Гале Галев
Министер за образование и наука
1 ноември 2000 - 1 ноември 2002
Наследник
Азис Положани