Борис Стојменов
| Борис Стојменов | |
|---|---|
| Министер за финансии | |
| На должноста 28 ноември 1998 – 27 декември 1999 | |
| Премиер | Љубчо Георгиевски |
| Претходник | Таки Фити |
| Наследник | Никола Груевски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 4 април 1940 Вељуса, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-Македонска |
| Установа | Економски факултет |
Борис Стојменов (роден на 4 април 1940 година во Вељуса) — македонски економист, стопанственик и политичар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Борис Стојменов завршил на Економскиот факултет во Скопје. Стојменов бил еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин потпретседател. Во периодот од 28 ноември 1998 до 27 декември 1999 година, тој бил Министер за финансии на Република Македонија. Во 2002 година, тој ја основал партијата ВМРО-Македонска. Во 2008 година, на Парламентарните избори, Стојменов бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во тоа време, тој бил член е на Комисијата за финансии и буџет, а исто така и на Комисијата за транспорт, врски и безбедност на животната средина[1]. Во 2012 година неговата партија се пропоила кон ВМРО-ДПМНЕ.
Стојменов и неговото семејство се сопственици на Штедилница МАК-БС, Консалтинг БС, Печатница БС и телевизијата Канал 5.
Наводи
[уреди | уреди извор]| Претходник Таки Фити |
Министер за финансии 28 ноември 1998 - 27 декември 1999 |
Наследник Никола Груевски |
