Владо Бучковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Владо Бучковски
Defense.gov News Photo 051026-D-2987S-031.jpg
Премиер на Македонија
На должноста
12 декември 2004 – 26 август 2006
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Хари Костов
Наследник Никола Груевски
Министер за одбрана
На должноста
13 мај 2001 – 26 ноември 2001
Претходник Љубен Пауновски
Наследник Владо Поповски
Министер за одбрана
На должноста
1 ноември 2002 – 12 декември 2004
Претходник Владо Поповски
Наследник Јован Манасиевски
Претседател на СДСМ
Претходник Бранко Црвенковски
Наследник Радмила Шекеринска
Лични податоци
Роден(а) 2 декември 1962
Скопје, СР Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Професија правник
Вероисповед Православен христијанин

Владо Бучковски (2 декември 1962 во Скопје) — поранешен премиер на Република Македонија и поранешен претседател на СДСМ. Бучковски по професија е правник и професор по римско право на правниот факултет во Скопје.

Научна кариера[уреди | уреди извор]

Владо Бучковски дипломира на Правниот факултет - правосудна насока во 1986, а магистрира во 1992. Во 1998 докторира на тема “Римско и современо заложно право”.

Од 1987 до 1988 година Бучковски работи како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во 1988 година преминува на Правниот факултет во Скопје, каде до 1998 година работи како асистент. Во 1998 е избран за доцент по предметот Римско право, а во 2003 година е избран за вонреден професор.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1998 до 2000 година Бучковски е член на Државната изборна комисија, а од 2000 до 2001 година е претседавач на Советот на град Скопје. Во периодот од 13 мај до 26 ноември 2001 година тој е министер за одбрана во широката коалициска влада.

По победата на СДСМ и на неговите коалициони партнери на парламентарните избори во 2002 година, на 1 ноември 2002 година Бучковски станува член на Владата на Република Македонија и ја врши функцијата министер за одбрана. На оваа функција е до декември 2004 година. На 15 септември 2003 година стана претседател на Правниот совет на Владата.

На 22 јули 2004 година во Струга беше жестоко нападнат од 5000 граѓани. Причина за тоа беше неговото доаѓање во Струга со цел да го убeди раководството на СДСМ да излезе од "Кризниот штаб за отстанок на Општина Струга". Тогаш стружани ги нарече хулигани. Тоа предизвика жестока реакција на граѓаните, по што беше затворен во седиштето на СДСМ цели 6 часа. Со акција на специјалните полициски сили беше ослободен и префрлен во Скопје. При таа акција беа повредени многу граѓани на Струга а употребени беа шок бомби, солзавец и гумени куршуми. Од тогаш беше прогласен за непожелна личност во Струга, неговото име беше напишано на ѕидот на срамот, заедно со тогашниот претседател Бранко Црвенковски и градоначалникот на Скопје Ристо Пенов.

На 26 ноември 2004 е избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов, а на 15 декември 2004 година Парламентот го избра за претседател на Владата на Република Македонија, функција која ја извршува до август 2006-та.

Под негово водство коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ, доживува пораз на парламентарните избори во 2006 година. По изборниот пораз од Бучковски беше побарано да поднесе оставка на функцијата претседател на СДСМ, но тој тоа го одбива. Сепак, на конференцијата на партијата одржана на 7 октомври на Бучковски му е изгласана недоверба и тој беше принуден да се повлече од претседателското место во СДСМ.

На 1 август 2007 година против Бучковски е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената должност и нанасена три милиони евра штета на касата на Министерството за одбрана, извршени во 2001 година кога Бучковски беше министер за одбрана. Пресудата е донесена на 9 декември 2008 после 13 месечен судски процес во кој е осуден на 3,5 години затворска казна[1]. Во декември 2012 година тој е исклучен од редовите на СДСМ.

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Љубен Пауновски
Министер за одбрана на Република Македонија
2001
Наследник
Владо Поповски
Претходник
Владо Поповски
Министер за одбрана на Република Македонија
2002-2004
Наследник
Јован Манасиевски
Претходник
Радмила Шеќеринска
Вршител на должност
Премиер на Република Македонија
2004-2006
Наследник
Никола Груевски
Партиски функции
Претходник
Бранко Црвенковски
Претседател на СДСМ
2004–2006
Наследник
Радмила Шеќеринска