Радмила Кипријанова-Радовановиќ
| Радмила Кипријанова-Радовановиќ | ||
| Родена | 1941 (воз. 84–85 г.) Скопје | |
|---|---|---|
| Националност | Македонија | |
| Народност | Македонка | |
| Занимање | професор политичар | |
Радмила Кипријанова-Радовановиќ (родена во 1941 година во Скопје) — македонски универзитетски професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ректор и политичар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Радмила Кипријанова - Радовановиќ дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964), а докторирала на Универзитетот во Загреб (1974). Имала повеќе студиски престои во Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје била од 1965 година, а како редовен професор од 1986 година каде предавала во подрачјето на математички методи во хемиското инженерство, моделирање и оптимизација на процесите и дизајнирање на експериментите. Се пензионирала во 2004 година.
Автор на учебници и помагала, научни трудови и истражувачки проекти. Била ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (во два мандати) и декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (во два мандати).
На политички план, била член на секретаријатот на Извршниот комитет на партијата Демократска Алтернатива. Кипријанова - Радовановиќ била потпретседател на Владата на Македонија, министер за технолошки развој во Владата на СФРЈ, министер за наука во Владата на Македонија, пратеник во Собранието на Македонија[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кипријанова- Радовановиќ“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 690. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Радмила Кипријанова - Радовановиќ“. Собрание на Македонија. Посетено на 12 февруари 2012.
| ||||||||
- Луѓе од Скопје
- Родени во 1941 година
- Политичари од Скопје
- Македонски технолози
- Македонски универзитетски професори
- Македонски ректори
- Македонски декани
- Македонски пратеници
- Југословенски технолози
- Југословенски универзитетски професори
- Југословенски министри
- Политичари од Демократска алтернатива
- Пратенички состав 1998-2002
- Вицепремиери на Македонија
- Министри за образование и наука на Република Македонија
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Доктори на Загрепскиот универзитет
- Ректори на УКИМ
- Декани на Технолошко-металуршкиот факултет - Скопје

