Агенција за разузнавање
| Агенција за разузнавање | |
|---|---|
| Податоци за органот | |
| Основан | 1995[1] |
| Надлежност | |
| Седиште | Скопје, Македонија |
| Вработени | доверливо |
| Годишен буџет | доверливо |
| Раководител | Габриела Јаковлева (директор) |
| Мрежно место | |
| http://ia.gov.mk | |
Агенција за разузнавање (АР) — е посебен орган на државната управа, која согласно Законот за АР е разузнавачка служба овластена за собирање, анализа и обработка на разузнавачки информации коишто се значајни за безбедноста, одбраната, политичките, економските и други интереси на Македонија.
Историјат
[уреди | уреди извор]Агенцијата за разузнавање е основана како посебен орган на државната управа со Законот за Агенцијата за разузнавање од 1995 година. Прв директор на Агенцијата за разузнавање е Владо Поповски, кој ја извршувал должноста до 1999 година.
Задачи и надлежности
[уреди | уреди извор]Собира податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната на Македонија и стопанските, политичките и други интереси на државата.
Врши анализи и истражувања на податоците и информациите и задолжително го известува Претседателот на Македонија, Владата на Македонија и други државни органи за прашања од значење од нивниот делокруг.
Соработува со државни органи за прашања од заеднички интерес. Во остварувањето на меѓусебна соработка, Агенцијата и државните органи се должни заемно да си достават податоци, известувања, информации и да ги координираат акциите од надлежност на Агенцијата.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2019-09-25. Посетено на 2017-04-02.