Емил Димитриев
Изглед
| Емил Димитриев | |
|---|---|
| Премиер на Македонија привремен | |
| На должноста 18 јануари 2016 – 1 јуни 2017 | |
| Претседател | Ѓорге Иванов |
| Претходник | Никола Груевски |
| Наследник | Зоран Заев |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 19 март 1979 Пробиштип, СР Македонија, СФРЈ |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
| Установа | Скопски универзитет Белградски универзитет |
Емил Димитриев (19 март 1979 во Пробиштип) — македонски конзервативен политичар, социолог и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.[1] Димитриев бил назначен за привремен премиер на Македонија на 18 јануари 2016 година, по предвидената предизборна оставка на Никола Груевски од местото, како дел од Пржинскиот договор.[2] Мандатот на Димитриев како привремен премиер завршил на 1 јуни 2017 кога за премиер бил изгласан Зоран Заев.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Димовски: Емил Димитриев кандидат за премиер на Владата“. Нова Македонија. 14 јануари 2016. Посетено на 15 јануари 2016.[мртва врска]
- ↑ „Премиерот Груевски достави оставка до Собранието“. Дневник. 15 јануари 2016. Посетено на 15 јануари 2016.
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Никола Груевски |
Премиер на Македонија 2016–2017 |
Наследник Зоран Заев |
| ||||||||||||||||||||||




