Панче Кралев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Панче Кралев
Министер за образование и наука
На должноста
28 јули 2011 – 28 мај 2013
Премиер Никола Груевски
Претходник Никола Тодоров
Наследник Спиро Ристовски
Лични податоци
Роден(а) 30 август 1981
Штип, Македонија Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Панче Кралев (роден на 30 август 1981 во Штип) — македонски економист и Министер за образование и наука во периодот од 28 јули 2011 до 28 мај 2013 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Кралев завршил магистерски студии за економија, финансии и менаџмант, на Универзитетот во Бристол и на Универзитетот во Шефилд, а поседува и меѓународен сертификат за секундарно образование од Жан Д Арк Колеџ, Холандија, како и завршени две обуки на Универзитетот во Харвард.

Кралев работел во Македонската амбасада во Холандија како советник за економски и трговски прашања. Две години работел и во Центарот за истражување на ЈИЕ во Солун, Грција, како Асистент за истражување и тутор на студентите од Сити Колеџот. Во периодот од 2011 до 2013 година бил Министер за образование и наука, по кое си поднел оставка од лични причини. Тој останал во кабинетот на премиерот Никола Груевски како советник од прашања за образованието.

Во 2015 година Кралев станал Претседател на Одбор на директори на Македонски Телеком[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Никола Тодоров
Министер за образование и наука
28 јули 2011 - 28 мај 2013
Наследник
Спиро Ристовски