Диме Спасов
Диме Спасов | |
---|---|
Министер за труд и социјална политика | |
На должноста 28 мај 2013 – 11 ноември 2015 | |
Претходник | Спиро Ристовски |
Наследник | Фросина Ременски |
Премиер | Никола Груевски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 мај 1985 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Установа | Правен факултет |
Професија | правник |
Вероисповед | православен христијанин |
Диме Спасов (7 мај 1985 во Скопје) — македонски политичар и министер за труд и социјална политика во периодот 2013–2015.
Животопис
Роден е на 7 мај 1985 година во Скопје, оженет со Бојана и татко е на едно дете, Лука. По професија е дипломиран правник, а високо образование стекнал на Факултетот за правни студии “Јустинијан Први”-Скопје, на универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Во моментов е магистрант по деловно право.
Кариера
Во периодот од 2006 до 2009 година работи како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Од 2009 до 2010 година ја извршува функцијата заменик директор на АДСДП - подрачна единица Скопје.
Во 2010 и 2011 година е директор на агенција за млади и спорт. Во 2011 година Владата на Република Македонија го назначува за државен секретар во министерството за правда на Република Македонија и оваа функција ја извршува до 2012 година. Од декември 2012 до мај 2013 е помошник на директорот на Агенција за катастар на недвижности - Центар за катастар на недвижности Скопје.
На 29 мај 2013 година во Скопје, Република Македонија, стапува на функцијата министер за труд и социјална политика.[1] Оваа функција ја изршува сè до ноември 2015 година, кога е именуван за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика. Во мај 2016 година, Собранието на Република Македонија повторно го именува за министер за труд и социјална политика, а од септември 2016 година по вторпат стапува на функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика.
Политичка активност
Диме Спасов е активен член на ВМРО-ДПМНЕ. Од февруари 2011 до октомври 2013 ја извршува функцијата претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ. На вонредните парламентарни избори во 2014 бил кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија од првата изборна единица, чиј мандат е верификуван во мај 2014.
Во јуни 2014 година повторно е реизбран за министер за труд и социјална политика во Владата на Никола Груевски. Врз основа на одредбите од склучениот договор меѓу најрелевантните политички чинители во јуни и јули 2015 година е назначен за дополнителен заменик министер.
Наводи
- ↑ „vlada.mk“. Архивирано од изворникот на 2016-04-04. Посетено на 2015-03-28.
Надворешни врски
- Профил на Спасов на мрежното место на Владата на РМ Архивирано на 14 март 2015 г.
- Профил на Спасов на мрежното место на МТСП
- Официјална Фејсбук фан-страница на Диме Спасов
„Диме Спасов“ на Ризницата ? |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Спиро Ристовски |
Министер за труд и социјална политика 28 мај 2013 - 11 ноември 2015 |
Наследник Фросина Ременски |
|