Незир е роден во гостиварското село Здуње на 12 август 1952 година. Основното училиште го започнува во село Здуње, а завршува во Гостивар. Средното образование го завршува во ЦСНО „Злате Малакоски“ во Гостивар, додека во 1979 година дипломира во Косовска Митровица и се стекнува со звање електроинженер. Во 1982 година се вработува во Р.И.О.М. „Силика“ – Гостивар, а од 1983 година работи во ЕСМ – Хидроцентрали Маврово во Гостивар. Од 1994 до 2006 година бил директор во ХЕЦ – Равен.[1] Од 2006 година до 12 април 2008 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија[2]. Тој е член е на централното собрание на Демократска партија на Турците на Македонија и претседател на комисијата за надворешна политика. Од 2008 е министер без ресор во македонската влада. Женет е и има две деца.