ЦСНО „Злате Малакоски“ - Гостивар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Злате Малакоски

Место
Општина: Гостивар
Место: Гостивар
Основни информации
Контактни информации
Портал www.zlatemalakoski.mt.net.mk

Општинско средно техничко училиште „Гостивар“ — средно училиште во Гостивар, Општина Гостивар[1].

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Во Гостивар со отворањето на фабриките „Силика“, „Мермери“ и „Електро Маврово“ како и други, се јави потреба да се отвори училиште кое ќе обучува ученици за потребите на овие претпријатија. Така во учебната 1960/61 година беа формирани по една паралелка од електро и машинска насока со тригодишно школување под името „Индустриско училиште со практична работа“. Училиштето беше основано од Народниот одбор на општина Гостивар, со решение бр.5233 од 12.09.1960 година. Во тоа време наставата се изведуваше во просториите на „Економското училиште“. На 04.09.1961 година е одржан првиот наставнички совет.

Образовни профили и насоки[уреди | уреди извор]

Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика е релативно млада во споредба со останатите насокии. Истиот е верифициран во 1994 година и денес, со оглед на тоа дека е најнов, истиот е доста омилен кај младите ученици. Земајќи во обзир дека вработувањето во нашата држава е доста намалено, младите - штотуку завршени луѓе, единствениот начин за вработување го гледаат во отворање на сопствени претпријатија, кои ќе нудат создавање и сервисирање на компјутерски системи, софтверски и хардверски. Некои од нив, можат да се вработат и низ други претпријатија во кои ќе бидат потребни нивните услуги. Наставата се одвива во посебни кабинети за компјутерска техника кои се соодветно опремени...

Електротехничар за електроника и телекоминикации

Електроничката насока е релативно млада во споредба со останатите насоки. Истиот е верифициран во 1994 година и денес, со оглед на тоа дека е најнов, истиот е доста омилен кај младите ученици. Земајќи во обзир дека вработувањето во нашата држава е доста намалено, младите - штотуку завршени луѓе, единствениот начин за вработување го гледаат во отворање на сопствени претпријатија, кои ќе нудат сервисирање на во голема мера застапените електронски уреди. Некои од нив, можат да се вработат и низ други претпријатија во кои ќе бидат потребни нивните услуги. Наставата се одвива во посебни кабинети по електроника кои се соодветно опремени...

Електротехничар енергетичар

Електроенергетската насока е основана во 1960 година при паралелките во тогашната гимназија, а веќе наредната учебна година 1962/63 година се формира ново училиште т.н. „Индустриско училиште". Во почетокот тоа училиште броеше шест паралелки од електро струка. ц до 1973 година завршените добиваа општ назив електричар, а од таа година општата насока електричар се дели на неколку насокии со тригодишно времетраење на школувањето: Електромеханичар (винклер), Електроинсталатер (монтер). Во 1975 година се верифицира и насоката електротехничар енергетичар.

Машински техничар

Во Гостивар постојат околу 20 (дваесет) акционерски друштва, кои се занимаваат со продуктивни дејности, и имаат потреба за квалификувани и високо квалификувани работници. Исто така тие имаат потреба за машински техничари за поддршка и сервисирање на машините во текот на производството, и секое од овие претпријатија се занимава со производство на машински делови.Во приватниот сектор постојат 34 (триесет и четири) правни лица, коишто произведуваат машински делови со по 8 (осум) работника во просек.Исто така се регистрирани 393 физички лица во областа на производството и занаетчии, 77 од нив се самостојни вршители на дејност од областа на машинството.

Хемиско технолошки техничар

Првите класови од овој профил беа основани во Работничкиот универзитет, за потребите на неметалната индустрија во градот Гостивар и пошироко. Во 1976 година класовите се вклучени во нашиот училиштен центар. Од 1991 година во нашето училиште постојат класови за техничар за огноотпорни материјали и произведувач на огноотпорни материјали.Денес во нашето училиште - ЦСНО „Злате Малакоски“ се школуваат ученици за хемиско - технолошки техничар со четири годишно школување и произведувач на градежни материјали со тригодишно школување како и од 2004/2005 учебна година започнат е нова тригодишна насока ПРОИЗВОДИТЕЛ НА КОЗМЕТИЧКИ СРЕДСТВА .

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

нема

Познати личности кои предаваат во ова училиште[уреди | уреди извор]

нема

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]