Бил Павлески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бил Павлески
Bill Pavleski
Роден 8 октомври 1974
Охрид, СР Македонија
Занимање стопанственик


Бил Павлески (8 октомври 1974 во Охрид) — американски и македонски стопанственик и министер без ресор во периодот 2011-2017.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Павлески е роден на 8 октомври 1974 година во Охрид. Средно образование завршил во САД, дипломирал Електро факултет на State University New York-Binghamton и добил две посебни Магистратури со високи почести. Тој е Магистер за Компјутерски науки на Northeastern University-Boston, и исто така Магистер за Бизнис Менаџмент на Harvard University-Boston.

Моментално е вработен во американска мултинационална информатичка корпорација Hewlett-Packard Company (HP), со седиште во Пало Алто, Калифорнија. Во текот на неговата 14 годишна кариера во HP бил поставен на различни високи инженериски и менаџерски позиции во организацијата за склaдирање на информации, вмрежување и технолошки услуги за Северна Америка, Европа и Азија. Во неговата досегашна позиција, со тим дисперзиран низ три континенти, тој е одговорен за извршување на финалната стратегија за пред и после продажба и поддршка на мултинационални Fortune 1000 корпорации. Тој е во честа комуникација и соработка со големи корпорации и е вклучен во склучување на сложени проекти со истите.

На претходните позиции извршувал одговорна позиција за производство на софтвер и блиска соработка со HP India. Бил Павлески е активен претприемач во Harvard-MIT Entepreneurship Society и е поврзан со фонд за ризичен капитал за почетни инвестиции во Бостон. Член е на Harvard Faculty club. Од 2011 година тој е поставен за Министер за странски инвестиции на Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестиции“. Вечер. 27 јули 2011. Посетено на 2012-02-07.
  2. Czymmeck, Anja (4 август 2011). „Mazedonien hat eine neue Regierung“ (PDF) (германски). Konrad-Adenauer-Stiftung e.V. Посетено на 2012-02-07.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]