Ибрахим Ибрахими
| Ибрахим Ибрахими | |
|---|---|
| Министер за труд и социјална политика | |
| На должноста 13 декември 2016 – 1 јуни 2017 | |
| Претседател | Ѓорге Иванов |
| Премиер | Емил Димитриев |
| Претходник | Фросина Ременски |
| Наследник | Мила Царовска |
| Лични податоци | |
| Партија | СРМ |
Ибрахим Ибрахими — министер за труд и социјална политика на Македонија во периодот 2016–2017.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Ибрахим Ибрахими е роден во 1967 година во Гостивар. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, по кое се запишал на постдипломски студии по сметоководство и ревизија, како и на постдипломски студии по политички науки на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.
На 29 јули 2011 година бил избран за заменик министер за труд и социјална политика, а од 2008 до 2011 ја извршувал функцијата заменик министер во Министерството за правда. Во периодот од 2007-2008 работел како советник во Министерство за труд и социјална политика. Од 2004 до 2006 бил проект менаџер во Европски центар за малцински прашања, а во периодот од 2001 до 2004 програмски координатор на проект Ромаверзитас во Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Во периодот 2000-2001 година бил шеф на сметководство во Фатина – Гостивар[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Архивирано на 14 декември 2016 г. Спасовски и Ременски „си ги пакуваат куферите“, 13 декември 2016, Вечер
- ↑ 24vesti.mk
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Фросина Ременски |
Министер за труд и социјална политика 18 мај 2016 - 1 јуни 2017 |
Наследник Мила Царовска |