Муса Џафери
| Муса Џафери | |
|---|---|
![]() | |
| Министер за локална самоуправа | |
| На должноста 27 јули 2008 – 28 јули 2011 | |
| Премиер | Никола Груевски |
| Претходник | Абдурахман Мехмети |
| Наследник | Невзат Бејта |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 7 јуни 1959 Зајас, НР Македонија, ФНРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Албанец |
| Партија | ДУИ |
| Вероисповед | ислам |
| Воена служба | |
| Припадност | |
| Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Муса Џафери (албански: Musa Xhaferi, 7 јули 1959 во Зајас) — македонски политичар од албанска народност. Тој дипломирал на економскиот факултет при универзитетот во Приштина во 1984 година, а магистерски студии по економија завршил на универзитетот во Цирих, во 1995 година. Завршил и специјалистички студии по педагогија на академијата за образование на возрасни во Луцерн, во 2000 година.
Зборува германски, а се служи и со француски јазик. Во периодот 1996–2001 година работи како педагог-андрагог во Луцерн, Швајцарија. Џафери функцијата заменик-претседател ја вршел и во владите на Бранко Црвенковски и Владо Бучковски во периодот од 1 октомври 2002 до 6 јули 2006 година. Бил министер за локална самоуправа во периодот 2008–2011 и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор од 2011 до 2016.
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
| Оваа статија македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Луѓе од Зајас
- Родени во 1959 година
- Никулци за македонски политичари
- Македонски политичари
- Македонски Албанци
- Состав на Владата на Република Македонија од 2002
- Состав на Владата на Република Македонија од 2004
- Состав на Владата на Република Македонија од 2008
- Состав на Владата на Република Македонија од 2011
- Членови на ОНА
- Политичари од ДУИ
- Вицепремиери на Македонија


