Мери Младеновска-Ѓорѓиевска
| Мери Младеновска-Ѓорѓиевска | |
|---|---|
| Министер за правда | |
| На должноста 17 декември 2004 – 28 август 2006 | |
| Премиер | Владо Бучковски |
| Претходник | Иџет Мемети |
| Наследник | Михајло Маневски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 30 април 1969 Крива Паланка, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонка |
| Народност | Македонка |
| Партија | СДСМ |
Мери Младеновска-Ѓорѓиевска (родена на 30 април 1969 година во Крива Паланка) — македонски правник, адвокат и политичар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Мери Младеновска-Ѓорѓиевска е родена на 30 април 1969 година во Крива Паланка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1992 година. Правосуден испит положила во 1994 година.
Од 1994 до 2002 година, таа работела како адвокат. Младеновска била и член на Собранието на Адвокатската комора на Македонија. Од 1998 до 2002 година, таа била дисциплински судија во Дисциплинскиот суд при Адвокатската комора, а од 2002 година, таа била член на Управниот одбор на Комората.
Во периодот од 2000 до 2002 година, таа била заменик член на Државната изборна комисија, а во периодот од 2002 до 2004 година, таа била полноправен член.
Од 12 ноември 2002 до 3 јуни 2004 година, таа ја извршувала функцијата заменик министер за правда, додека во периодот од 15 ноември 2004 до 27 август 2006 година ја извршувала функцијата Министер за правда. По завршувањето на мандатот била пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот од 2006 до 2008 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Претходник Иџет Мемети |
Министер за правда 17 декември 2004 – 28 август 2006 |
Наследник Михајло Маневски |
| |||||||||||||||||||||
