Џемали Мехази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џемали Мехази
Mehazi.jpg
Министер за транспорт и врски
На должноста
15 ноември 2004 – 28 август 2006
Премиер Владо Бучковски
Претходник Агрон Буџаку
Наследник Миле Јанакиевски
Лични податоци
Роден(а) 3 декември 1965
Тетово
Националност Албанец
Партија ДУИ

Џемали Мехази (роден на 3 декември 1965 година во Тетово) — македонски политичар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Џемали Мехази завршил на Економскиот факултет на Универзитетот во Приштина, како и постипломските студии по финансиски менаџмент. Во текот на својата работната кариера бил преставник на Република Македонија во Банката за развој при Советот на Европа, заменик-претседател на Националниот совет за платни системи и директор на Агенцијата за слободни економски зони, по кое станал државен секретар во Министерството за финансии.

Во периодот од 15 ноември 2004 - 28 август 2006 ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија.

Во следниот период ја извршувал функцијата директор на Јавно Претпријатие “Геоинжинеринг” – Тетово, Директор на Државниот Инспекторат за техничка инспекција во Министерството за економија[1] и директор во Фондот за здравство, кога во 2015 година си поднел оставка поради случајот „Тамара Димовска“[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Агрон Буџаку
Министер за транспорт и врски
15 ноември 2004 - 28 август 2006
Наследник
Миле Јанакиевски