Благоја Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Благоја Стефановски
Министер за култура
На должноста
1 ноември 2002 – 28 август 2006
Претседател Бранко Црвенковски
Радмила Шекеринска (в.д.)
Хари Костов
Радмила Шекеринска (в.д.)
Владо Бучковски
Претходник Ганка Самоиловска Цветанова
Наследник Илирјан Бекири
Лични податоци
Роден(а) 7 март 1953[1]
Битола, СФРЈ
денес Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед Православен христијанин

Благој Стефановски е роден во Битола на 7 март 1953 година. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Добро знае руски јазик, а се служи и со англиски. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.

Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Собрание на Република Македонија" (Македонски). конс. 19 декември 2010.