Награда „4 Ноември“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Наградата „4 Ноември“ која ја доделува Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот Битола е највисоко општинско признание кое се доделува од 1958 година, а од 2002 година е воведена и награда за животно дело. Се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на oпштината, Република Македонија и светот. Наградата за едногодишно остварување се доделува на правни и физички лица, додека пак, наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.

Добитници на наградата за животно дело[уреди | уреди извор]

Добитници на наградата за eдногодишно остварување[уреди | уреди извор]

2018 година[8][уреди | уреди извор]

  • доцент д-р Александар Литовски - за достигнувања во областа на литературата
  • Јован Василев - за неговите достигнувања во спортот како претседател на женскиот ракометен клуб Пелистер
  • проф. д-р Иван Додовски - за неговите достигнувања во областа на науката и културата

2017 година[6][уреди | уреди извор]

  • д-р Васо Радивоевиќ - за достигнувања од областа на здравствената заштита
  • Драган Најденовски - самостоен ликовен уметник, за неговата огромна ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола
  • Менка Николовска - за остварувања од областа на хуманоста и филантропијата

Претходни години[уреди | уреди извор]

Доделени се повеќе од 300 награди меѓу кои и на:

  • Организација на жени на Општина Битола
  • СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола, 1975
  • Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“
  • НУУБ „Св. Климент Охридски“
  • ХО „Самарјанин“
  • Фабрика „Цермат“
  • Огнен Дранговски
  • Болница „Плодност“
  • д-р Вангел Тодоров
  • д-р Зоран Пејковски

Наводи[уреди | уреди извор]