Прејди на содржината

Петар Мирчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Мирчевски
Роден 11 ноември 1956(1956-11-11)(69 г.)
Крушево, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Пред дождот
Контакт
Сенки
Збогум Румелија
Преспав
Ослободување на Скопје
Прашина
Црвениот поет
Сенки над Балканот
Занимање глумец

Петар Мирчевски (роден на 11 ноември 1956 во Крушево) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Мирчевски е роден во 1956 година во Крушево. Кај блиските е познат и по прекарот Пепи Пивцето кој го добил во средношколските денови, за време на учеството во една работна акција. Неговите двајца сина Филип и Мартин продолжиле по стапките на таткото, работејќи како глумци во Народниот театар во Битола.[1] Дипломирал на ФДУ во Скопје, отсек глумечка игра. По дипломирањето во 1979 година станал член на битолскиот театар. Тој е еден од најангажираните и најекспонирани глумци, не само во историјата на битолскиот театар, туку и пошироко во Македонија. Покрај настапите во својата матична куќа, Мирчевски бил чест гостин и на сцената во Прилеп.

Театарска кариера

[уреди | уреди извор]

Во својата кариера, Мирчевски играл во околу 150 претстави.[1] За своите улоги, тој е добитник на повеќе награди, како: „4 ноември“, „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“ (трипати), Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко[2]. Во 2011 година ја добил наградата на театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ кој се одржал во Смедерево, Србија.[3]

Во 2019 година, Мирчевски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[4][5]

Во 2021 година Мирчевски ја добил наградата „4 Ноември“ за животно дело[6]

Во 2023 година, Мирчевски ја добил наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Покрај настапите во театарот, Мирчевски остварил и плодна телевизиска и филмска кариера:

Година Филм Улога
1970-ти
1976Патот кон иднината ТВ-серија
1979Наши години ТВ-серија
1980-ти
1981Стојче ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серија
1984Другарувања ТВ-серијаТаки
1985Трговецот од Солун ТВ-филм
1986Солунски патрдии ТВ-серијаТрговецот
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филмВасилев
1987Народни трубадури ТВ-серија
1988Некоја чудна земја ТВ-филмМинувач
1988Еурека ТВ-серијаМенделев
1990-ти
1992Тврдокорни ТВ-серијаБлаже
1992Чудовиштата во нашиот град ТВ-серијаЏуџе Акира
1994Пред дождот ТВ-филмЗдраве
1996Феликс ТВ-филм
1998Збогум на 20-тиот век ТВ-филм
1998Салон Хармони ТВ-серијаПепи
1999Во светот на бајките ТВ-серија
2000-ти
2000Је ли јасно пријатељу ТВ-филмМали
2001Ноќ спроти Свети Василиј ТВ-филмЦарот
2001Прашина ТВ-филмПопот
2003Бубачки ТВ-филм
2004Големата вода ТВ-филмДервутоски
2004Илузија ТВ-филмПолицаец
2004Како убив светец ТВ-филмМихајловиќ
2005Бал-кан-кан ТВ-филмХомер
2005Контакт ТВ-филмНовак
2006Тајната книга ТВ-филмГулабарот
2006Караула ТВ-филмМиловановиќ
2007Сенки ТВ-филмБлагојче
2007Превртено ТВ-филмЧовек во костум
2007-2009Збогум, Румелија ТВ-серијаПетрус Ефенди
2009Балканска свадба ТВ-серија
2010-ти
2010Мајки ТВ-филмРаспусто
2012Душан ТВ-филмМиле
2012Трето полувреме ТВ-филмБерберот
2012Само за губитници краток филм
2013Фалсификатор ТВ-филмКомандир Поповски
2013Тврдокорни ТВ-серијаБугарски претставник
2014Споменикот на Мајкл Џексон ТВ-филмТаксист
2015На млечниот пат ТВ-филм
2015Чизмаши ТВ-серијаТрпко
2015Пепи и Муто ТВ-филмПепи
2016Ослободување на Скопје ТВ-филмАгент Господинов
2016Црвената соба ТВ-филмСтојанче
2017Анка ТВ-филмНочни јагар
2017-2019Сенки над Балканот ТВ-серијаКруме
2017-2019Фамилија Марковски ТВ-серијаТодоров
2018-2020Преспав ТВ-серијаГоце Бузалевски
2018На млечен пат ТВ-филмПоп-кувар
2019Господ постои, името ѝ е Петрунија ТВ-филмСтојан
2019Врба ТВ-филмСтавре
2020-ти
2022Блок 27 ТВ-серијаЕлвис
2022Лена и Владимир ТВ-филмЈово
2022Мими ТВ-филмЉупчо
2022Балканска приказна ТВ-серија
2022Кајмак ТВ-филмБогдан
2022-2024Тин Камп ТВ-серијаСтавре
2024Црвениот поет ТВ-серијаАгент Мијо
2025Езерото ТВ-филм
2026Збогум, Копакабано ТВ-филм

Петар Мирчевски настапил и во турската ТВ-серија „Збогум Румелија“, која се снимала на неколку локации во Македонија (Битола, Охрид и селото Маково во Мариово) во периодот од 2007 до 2009 година. Во серијата го толкувал ликот на бугарскиот трговец со тутун Петрус ефенди, а во серијата се појавува во околу триесетина епизоди.[1]

  1. 1 2 3 Жанета Здравковска, „Учев турски само за улогата во Збогум, Румелија“, Антена, број 868, 13 февруари 2015, стр. 8-9.
  2. „Петар Мирчевски ја доби наградата „Петре Прличко". Утрински весник. 26 декември 2008. Посетено на 2011-04-14.
  3. „Петар Мирчевски награден на театарскиот фестивал во Србија“. Курир. 14 април 2011 16:27. Архивирано од изворникот на 2011-04-15. Посетено на 2011-04-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „11 Октомври“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПЕПИ МИРЧЕВСКИ, ДИМИТРИ ДУРАЦОСКИ И ЉУПЧО КОЦАРЕВ на семрежното место на САКАМ ДА КАЖАМ
  5. „Награда за животно дело за глумецот Мирчевски“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 17.
  6. „АКТЕРОТ ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ЈА ДОБИ ОПШТИНСКАТА НАГРАДА НА БИТОЛА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „4 НОЕМВРИ". СДК. 25 октомври 2021. Посетено на 26 октомври 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]