Прејди на содржината

Петар Стојковски-Бабец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Стојковски - Бабец
Роден 3 јануари 1930
Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 15 јули 2010(2010-07-15) (возр. 80)
Битола, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање глумец

Петар Стојковски - Бабец (Битола, 3 јануари 1930 - Битола, 15 јули 2010 ) — македонски глумец и режисер.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Стојковски е роден во Битола во 1930 година. Основното училиште го завршил во родниот град, во училиштето „Св. Кирил и Методиј“. По завршувањето на основното училиште се запишал во битолската гимназија каде работела силна драмска група на која Стојковски веднаш и се приклучил. Прва негова улога во Народниот театар во Битола како професионален глумец е улогата на Милован во претставата „Фамилијата Бло" од Љубинка Бобиќ. Потоа следуваат уште многу други, како тие во претставите „Швејк во Втората светска војна“ од Бертолт Брехт, „Дундо Марое" од Марин Држиќ, „Мистер Долар“ од Бранислав Нушиќ, „Монсерат“ од Е. Роблес, „Чорбаџи Теодос“ и „Бегалка“ од Васил Иљоски, „Глувечка патека" од М. Ѓарваш, „Арсеник и старите тантели" од Џ.О. Кесерлинг, „Вук Бубало" од Б. Ќопиќ и др. Дела кои ги има режирано се : „Педаче“, „Сенката на господинот Вип“, „Убавица и ѕвер“, „Волшебникот од Оз“, „Пипи Долгиот Чорап“, „Трите волшебни кучиња“ и многу други. Се пензионирал на 15 јануари 1993 година. Стојковски починал на 15 јули 2010 година во Битола.[3]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1968Планината на гневот ТВ-филм
1969Волшебниот воз ТВ-филм
1969Републиката во пламен ТВ-филм
1970Цената на градот ТВ-филмХанс
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1971Мува ТВ-филм
1972Палтото ТВ-филм
1973Илустриран ТВ Речник ТВ-серија
1975Простодушна љубов ТВ-филмТаше
1975Волшебното самарче ТВ-серијаСеланец
1977Итар Пејо ТВ-серија
1978Шеќерна приказна ТВ-филм
1979Наши години ТВ-серија
1980Учителот ТВ-филм
1981Булки крај шините ТВ-серија
1982Илинден ТВ-серија
1982Едно лето ТВ-серија
1982Црвено, жолто, зелено ТВ-серија
1984Другарувања ТВ-серијаДедото на Тоше
1984Јуначко колено ТВ-серија
1989-1991Еурека ТВ-серијаЧишловис
  1. Ivan Ivanovski (1988). Plodovi na vremeto: teatarski kritiki za dela od makedonski avtori: Zbor i misla. Kultura.
  2. Ivan Ivanovski (1983). Na svoja počva: makedonskata drama na profesionalnite dramski sceni vo Makedonija; Sovremeni makedonski avtori. Kultura.
  3. „Во Битола почина глумецот Петар Стојковски-Бабец“. Алфа Телевизија. 15 јули 2010, 13:24. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2010-12-08. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]