Шеќерна приказна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шеќерна приказна е книга за деца од македонскиот писател Славко Јаневски. За првпат, книгата била објавена во 1952 година од страна на „Детска радост“, а подоцна има доживеано поголем број изданија. Долго време, таа е дел од задолжителната лектира на учениците во основните училишта во Македонија.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во прозата „Шеќерна приказна се раскажува за доживувањата на шеќерното дете кое го направил слаткарот Марко од градот Негобило. Книгата се состои од следниве поглавја:[1]

  • Чуден настан во градот Негобило
  • Лакомото глувче и првата прошетка на шеќерното дете
  • Во шумата во која некогаш сите пееле
  • Во земјата на бубалките, кај рибите и другите речни жители
  • Земјата е тркалезна, од каде да се појде пак таму ќе се стаса
  • Првата караница во градот Негобило и судијата кој никогаш не судел
  • Во џебот на итриот арамија Црната Шубара
  • Во крепоста на волшебникот Тарара, кој една минута бил добар а една минута лош
  • Мечката, волкот и лисицата паѓаат в јама
  • Сите пеат, пее дури и буковата пенушка

Изданија[уреди | уреди извор]

Издание од 2004[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, „Детска радост“ ја објавила „Шеќерна приказна“ како дел од библиотеката „Лектирни изданија“. Книгата има 56 страници, со обем од 20 сантиметри, а била отпечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово. Лектурата и коректурата се дело на Кате Ноневска, дизајнот и графичко-ликовното уредување ги направил Жарко Туниќ, додека илустрациите во книгата ги нацртал Ордан Манески. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, а го носи меѓународниот број ISBN 9989-30-572-2. Покрај главниот текст, книгата содржи и белешка за авторот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Славко Јаневски, Шеќерна приказна, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 55.
  2. Славко Јаневски, Шеќерна приказна, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]